25 February, 2021

Коментари за Програма за урбана опрема - Општина Центар

Документ со следната содржина беше испратен до сите советници на Општина Центар по повод донесувањето на Програмата за урбана опрема на 25.02.2021.

Почитувани советници во Советот на Општина Центар, вработени во администрација и изработувачи на Програмата за урбана опрема,

Најпрво го поздравуваме изработувањето на оваа програма за урбана опрема и веруваме дека одредени недостатоци кои постоеја досега ќе се надминат.
Во следниот текст ги анализираме позитивните и негативните страни од перпектива на граѓани општо, но особено граѓани кои пешачат и користат велосипед како превозно средство. За некои сегменти, даваме и сугестии за подобрување.
Досега го имаме разгледано дел 1 од програмата. 


КОМЕНТАРИ ЗА ДЕЛ 1


Инвентаризирана постоечка урбана опрема и зеленило во зоната околу плоштадот и ГТЦ

✅Го поздравуваме деталното инвентаризирање на постојната урбана опрема (клупи,фонтани, канти за отпадоци, столпчиња, држачи за велосипеди, чешми, паркомати, билборди и сл.), постојното зеленило на јавните површини, затворените и отворените тераси со прецизни димензии на јавните површини.
💡Сметаме дека е податок од голема вредност за граѓаните, штета е да остане на хартија и треба да биде споделен преку ГИС системот.
Понатака, секоја нова поставена опрема, треба да се ажурира во системот и граѓаните да имаат увид каде е засадено ново дрво, каде е поставен нов паркинг за велосипеди, кои објекти имаат дозвола за поставување тераси итн.
Низ таков транспарентен и ажурен процес, ќе бидат минимизирани заобиколувањата на процедурите, а податоците ќе бидат корисни и за службите, за истражувачи итн. зашто ќе бидат точни во секој момент

 
❌ Имаме забелешка на подлогата која не е ажурирана. Имено, цели објекти изградени пред 10 години отсуствуваат, како Народниот театар, или понови како Паркот Ибни Пајко. Кај него на пример, подлогата од паркот ја нема, а лоцирани се сите клупи, како во воздух?

💡 Стр. 2

1. Принципи и цел на Програмата
Сметаме дека во цел на програмата треба да се наведе:

-заштита на проодна површина за пешачење и возење велосипед
Ова веруваме дека е една од причините поради кои се носи оваа Програма. 


💡Стр. 6
3. Сообраќајни услови
Не е доволно да се каже “Урбаната опрема не смее да го попречува движењето на пешаците, движењето на велосипедистите“ туку треба експлицитно да се дефинира минимална проодна димензија за пешаци и велосипеди која во конкретни ситуации ќе расте, но никогаш не смее да падне под 1.65 m (=0.90+0.75m = лице во инвалидска количка + пешак)


💡 Стр. 7
Урбаната опрема, натстрешницата-тендата, жардиниерите и слично не смее да излегуваат на коловозот со ниеден дел од нивниот габарит.

Слично како што не смеат да излегуваат на коловозот, треба да се нагласи дека не смее да излегуваат и на велосипедските патеки, зашто тие се речиси секогаш со минимална димензија. 


✅ Стр.9

Сите елементи на опремата што се поставуваат на тераса (маси, столови, натстрешнци, чадори, постаменти за чадори, жардиниери, ограда и др.) не смее да го преминуваат работ.

Ова е добра одредба зашто досега се случуваше жардиниерите да излегуваат од исцртаниот раб, како да не се дел од летната тераса и да заземаат простор од тротоарот.

❌ Стр.9
Минималната ширина на површината потребна за поставување урбана опрема за

угостителство за поставување на еден ред маси со столови и клупи изнесува 1,5 м.

Сметаме дека нема потреба да се дефинира минимална ширина, тоа ќе биде само на штета на пешаците. Во прилог, примери од отворени тераси со само 1 ред столици, не пошироки од 80 cm.

Отворените тераси може да бидат и со еден ред маси и столици! 

✅ Стр. 10
Дозволено е поставување само на отворен тип тераси.

При поставувањето тераси не се дозволува монтирање платформи

Ова е огромен чекор напред и го поздравуваме. Така просторот иако е даден на користење на угостителските објекти ќе продолжи да се доживува како јавен, а не приватизиран. Доколку сепак некогаш се дозволи поставување на затворени тераси тоа мора да се демотивира со многу различни цени за отворени и затворени тераси.

💡 Стр. 10 

Терасите се поставуваат на безбедно растојание од елементите на комуналната

инфраструктура. Елементите на комуналната инфраструктура треба да бидат лесно пристапни за непречено користење и одржување. 

Има случаи каде се попречува користење велосипедски паркинзи, а сигурно и друга опрема. Наместо произволно безбедно растојание треба да се дефинира димензија, од на пример 90 cm, минимална димензија за да помине лице со посебни потреби. 


На пример, овде: Стр.11 Во зоните каде што е планирано и се одвива паркирање (аголно или паралелно) неопходно е да се предвиди мининум растојание (оддалеченост) од 80 см од работ на тротоарот до

елементите на урбаната опрема, се дефинира минимално растојание за потребите на автомобилите што значи може и за луѓето да се дефинира на други места. 



❌ Стр. 12
3.1 Самостоечки рекламни паноа

Поставувањето самостоечки рекламни паноа и информативни паноа на подрачјето на Општина Центар-Скопје е уредено со Одлуката за донесување на Програмата за поставување урбана опрема - рекламни паноа и информативни паноа на подрачјето на Општина Центар-Скопје за 2015 година бр. 08-4038/22 од 6.7.2015 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.11/15) и Одлуката за измена на Програмата за поставување урбана опрема - рекламни паноа и информативни паноа на подрачјето на Општина Центар-Скопје донесена со Одлука бр. 08-4038/22 од 6.7.2015 година бр. 08-455/4 од 31.1.2019 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.1/19).

Сметаме дека е голем пропуст што оваа Програма не се занимава со рекламните и информативните паноа кои се еден од 3-те најголеми проблеми во јавниот простор после паркираните автомобили и терасите од угостителски објекти.
Покрај на безбедност, влијаат и визуелно на просторот.

💡 Стр. 13
4.Јавни површини за манифестации 

Во однос на платформите, тезгите и конструкциите за манифестации предлагаме да мора да се утврди во елаборатот привремен режим на заобиколен пешачки и велосипедски сообраќај. Често јавните манифестации блокираат цели јавни простори без слободна патека по која може да се помине низ местото на манифестацијата, а ниту упатство на која страна треба да се тргне. 


✅ Стр. 16
5. Комунална урбана опрема
Добро е што се дефинираат зони и што точно може во одредена зона да се постави.
Имаме забелешка за дозволата да се поставува паркинг за велосипеди само кога зоната е поголема од 150 cm. Имено таа димензија е логична за попречно паркирање велосипеди на улицата. Се користат и подолжни држачи за велосипеди на улицата (со истовремена функција на заштита од паркирање) каде е потребно не повеќе од 1 метар.



Велосипедите може да се паркираат и паралелно на улицата и да зафаќаат помалку простор

❌ Стр. 17

5.2. Опрема за велосипеди
Треба да се даде предност на врзување за рамот на велосипедот пред тркалата
Ова е многу поважно отколку предното тркало да е опфатено со држачот како наводна заштита од превртување. Држачите за предното тркало, неретко го оштетуваат тркалото

❌Стр.18
5.5. Изглед на заштитните столпчиња
Не гледаме причина зошто се целосно исклучени пластичните столпчиња кои се многу практични во одредени ситуации. 


❌ Стр. 20
6.4 Паркомати и пластикомати
Кај сите типови опрема е уредено поставувањето (“доколку Општина

Центар-Скопје и Град Скопје утврдат дека на одредени локации има потреба и законска основа за нивно поставување и тоа се реализира со претходно доставена соодветна документација со елаборат со детална анализа на просторот“)  и основните услови макар и општо „да не го попречува движењето“, но тука не е.
Нема никакви максимални органичување на димензија (на пр. објектите за обезбедување се ограничени до макс. 4 м2 итн.)  Дадени се единствено дефиниции. Сведоци сме дека токму паркоматите се еклатантен пример за тоа како не се поставува урбана опрема.

Паркомат кој наместо да се утврдува во програмата за урбана опрема, треба да се дислоцира

КОМЕНТАРИ ЗА ДЕЛ 2
Целосно нечитливи се легендите со зоните за урбана опрема за да можеме да ги коментираме 


Легенди кои воопшто не се читливи (ни димензии, ни текст)



1 comments:

waggzackery said...

Gambling problem in Michigan: Legal, legal casinos and gambling
The problem of online gambling is often more severe than in land-based 수원 출장안마 casinos. A Michigan casino has 포천 출장샵 a huge 광양 출장샵 online 문경 출장마사지 sportsbook, 김포 출장안마 live poker,

Post a Comment