[дизајн: Преплет]
Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #72, со која ставаме фокус на потребата од промена на легислативата од градењето и урбанизмот и нејзината моќ да влијае на безбедноста во сообраќајот, комоцијата на движењето, убавината на градот.
На Преплет им благодариме што ни направија дизајн за априлската Критична маса и ни ја илустрираа потребата од натежнување на вагата на Јустиција кон еден поинаков побалансиран и похуман модел на градот, наспроти досегашниот кој ги забораваше сите корисници освен автомобилот и брзото возење. Моделот за кој се залагаме е од добробит за сите граѓани, нивната безбедност и уживање во градот, без оглед на начинот на превоз кој моментално го користат.
Поддржете ги промените и раширете глас.
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
- Постер, верзија за печатење: линк (.pdf)
No comments:
Post a Comment