04 April, 2019

Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!

4. Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!

Серија акции: Четири приказни кои можат да бидат велосипедски
За целата идеја: тука


Приказна 1: Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти! 
Приказна 2: Ни викаат: Имате велосипедски патеки!
Приказна 3: Ни викаат дека Скопје ќе биде Велоград! 
Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!
-----------------
Веројатно првата асоцијација за велосипедската патека долж кејот на Вардар е дека таа е за спорт. Но ние мислиме дека може да биде и транспорт! Зелен транспорт! Вело транспорт!

Велосипедската патека долж кејот на реката Вардар е најдолгата непрекината велосипедска патека во Скопје без крстосници, без семафори. Таа е најбрзиот начин на движење со велосипед. Таа рута може да биде нашиот ВЕЛОСИПЕДСКИ АВТОПАТ, нашата “обиколница“.

Ако има доволно рампи(приклучоци) и добра поврзаност со останатиот дел од велосипедската инфраструктура, луѓето ќе се вклучуваат на оваа патека за да ги избегнат сите раскрсници и досадни чекања на секој семафор и ќе се исклучуваат од неа онаму каде што имаат поврзаност со друга велосипедска патека која води до точката која е нивна крајна цел. Вардар може да го поврзе градот исток-запад, но и север-југ!

Затоа бараме:
-патеката по текот на Вардар да се интегрира со останатите велосипедски рути од проектот Скопје Велоград преку краци за спојување во мрежа, преку возливи рампи со благ наклон, велосипедски патеки на новопланираните мостови, преку нови пешачко-велосипедски мостови.
*Во град кој претендира да биде Велоград не смее да има нов мост без велосипедски патеки и возливи велосипедски рампи кон кејот.
-да се доуредат и ослободат деловите каде патеката има прекин (деценискиот прекин во Центар поради градежните работи и неуредениот дел на Вардар меѓу Карпош и Ѓорче, со што Скопје ќе се поврзе за пешачење, трчање и точак по цела своја должина од Сарај до Лисиче! Мерачки, нели?
За Скопје Велоград ни треба по Вардар велопат!







-----------------
Благодарност до:
📷 Vase Amanito за фотографиите од акцијата
🎀 UG Ulice za bicikliste за платното
-----------------
Објави на социјални медиуми за приказна 4:
Facebook пост: линк
Twitter: линк
Instagram: линк 

No comments:

Post a Comment