Датум: среда, 29.12.2021
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 18:30, Социјален центар Дуња
----------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: линк
Промотивни материјали: линк
----------------------------------
Последната среда од годината е резервирана за новогодишната Критична Маса. Да ја испратиме 2021 и да ја пречекаме 2022 онака како што ни е најудобно, на точак. :)
Во годинава која што беше неизвесна како и минатата, досега имавме две Критични Маси. Една роденденска која ја прославивме со првата Улица за луѓе и една летна на која баравме мерки против ноќните ѕверки и поставивме бел точак во спомен на Билаљ Љамалари.
Крајот на годината е период во кој сите мечтаеме за подобро утре и во воздухот се чувствува надежта и вербата дека наредната година ќе ни донесе убави промени. Па така и ние си замислуваме едно подобро Скопје, одржливо, безбедно, хумано, во кое сите ќе можеме да дишиме чист воздух, да се движиме слободно и да се чувствуваме убаво во нашиот град. Ова се нашите желби за новата година.
Ние решивме да му ја олесниме работата на Дедо Мраз и направивме список со работите што треба да се направат за остварување на оваа визија.
Тоа се 10 чекори за кои не е потребна армија од џуџиња, туку волја за правење на работите на поинаков начин и менување на приоритетите.
Слободни тротоари и квалитетен јавен простор
Велосипедска мрежа
Визија нула и Зона 30
Паркинзи за велосипеди за секој нов објект и јавен простор
Субвенции за велосипеди и велосипедска опрема
Денови без автомобили / улици за луѓе
Процедури, стандарди, транспарентност, партиципативност
Систем за изнајмување велосипеди
Вардарска зелена магистрала
Промена на сообраќајниот систем на Скопје
Желбата останува само мечта ако не се каже гласно и ако не се работи на нејзино остварување. Затоа уште еднаш ги потсетуваме нашите нови градоначалници да ја проверат листата два пати! :) Ние бевме многу добри. :) Педлавме неуморно, споделувавме позитивни примери од светот, укажувавме на грешки и пофалувавме квалитетни промени.
Во среда на 29-ти декември во 17:30ч се собираме на Плоштад Македонија, а завршуваме во Социјален центар Дуња на топол чај и вино.
П.С. По желба украсете ги точаците.
П.П.С. Ќе има и честитки со новогодишниот дизајн на крајот од рутата.
You are welcome to post. This is an interesting post. I am visiting for the first time. Thanks for sharing such interesting information. Keep sharing.
ReplyDeletedownload regcure pro full version
https://CrackerSofts.com/