Во пресрет на седницата на која ќе се гласа Предлог Буџетот на Град Скопје за 2022 година, НаТочак се обрати преку службените mail-ови до советниците и стручните служби од администрацијата.
Седницата е закажана за 29.12.2021 година, на истиот ден со Критична маса #88.
Текстот на обраќањето го има во продолжение:
----------------
Почитувана Градоначалничка на Град Скопје, г-ѓа Арсовска,
Почитуван Претседател на Советот на Град Скопје, г-н Славески,
Почитувани вработени во администрацијата во Град Скопје,
Почитувани советници,
Би сакале да Ви се обратиме во пресрет на донесувањето на Буџетот на Град Скопје за 2022 година и да Ве потсетиме на претходните комуникации.
1. Во пресрет на локалните избори, на 28.08.2021 година, НаТочак со сите политички партии и независни кандидати за советници и градоначалници рамноправно ги искомуницира 10-те чекори до пешачко и велосипедско Скопје.
Истите се достапни во прилог, но и на линкот: 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје 2025 ~ На Точак (natochak.blogspot.com)
За тие заложби добивме вербална поддршка од повеќето партии. Но за заложбите да станат стварност треба да се преточат во соодветен буџет. Како што вели познатиот канадски урбанист, Брент Тодериан „Вистината за аспирациите на еден град не може да ја најдете во неговата визија. Може да ја најдете во неговиот буџет.“
2. Поради тоа, во пресрет на донесувањето на Буџетот на Град Скопје, НаТочак учествуваше на Граѓанскиот буџетски форум организиран од Зелен хуман град на 13.11.2021 година. Тоа беше единствената отворена можност каде граѓанските организации можеа да ги презентираат своите заложби и предлози, да дискутираат и да ги достават до Советот преку советници.
Нашите предлози изнесени на тој форум беа доставени до Градоначалничката и Советот во месец ноември, доволно рано за да извршат влијание на измени на буџетот, но ги испраќаме повторно, во прилог на овој e-mail - НаТочак - предлози за Буџет на Град Скопје 2022, а достапни се и на линкот: Предлози од НаТочак за буџетот на Град Скопје за 2022 година ~ На Точак (natochak.blogspot.com)

Бидејќи предлозите се целосно во насока на справување со актуелната здравствена, климатска, економска, па и енергетска криза, очекуваме поддршка од сите советници. Го немаме веќе луксузот да проектираме автоцентрични буџети без грижа за квалитетот на живот во Скопје.
Мораме да направиме промени.
3. Овие 11 предлози се целосно во согласност со Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај на Град Скопје 2019-2021 кој го усвои Советот на Град Скопје во септември 2019 година, План кој има одлична структура и насоки, но кој има многу мала реализација, токму поради непредвидувањето соодветен буџет изминатите години. Таа грешка мора да се поправи.
Планот е достапен на линкот: https://skopje.gov.mk/
4. НаТочак и претходните години ги комуницираше Советот и стручните служби, но без успех.
Во 2020-та НаТочак достави 9 предлози за буџетот на Град Скопје за 2021-ва година со буџетска конструкција (достапни на линкот), а во 2019-та година достави предлози за измена на програмите и буџетот на Град Скопје за 2020-та година (достапни на линкот), без буџетска конструкција.

Ова е трет пат да комуницираме со Советот на Град Скопје и стручните служби во очи донесувањето на програмите и буџетот за наредна година и поради сето набројано очекуваме конечно прифаќање на најголем дел од нив.
Се разбира предлозите за 2022 година можат да бидат соодветно модификувани и подобрени од стручните служби и советниците.
Со почит,
НаТочак
26.12.2021
НаТочак
26.12.2021
No comments:
Post a Comment