23 May, 2025

ПРЕДЛОГ: АКЦИЈА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАРКИНЗИ НИЗ ОПШТИНИТЕ

По предлог на граѓани, а и самите гледајќи ја потребата наоколу, денес испративме предлог до сите општини во Скопскиот регион за поставување на велосипедски паркинзи низ општините.
ПРЕДЛОГ: АКЦИЈА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАРКИНЗИ НИЗ ОПШТИНИТЕ



Почитувани претставници на скопските општини,


НаТочак е граѓанска иницијатива која постои од 2012 година и се залага за подобрување на условите за велосипедскиот сообраќај особено во Скопје, но преку некои активности и во целата држава.

Разбирливо е дека за исполнување на едно од нашите клучни барања: распространета велосипедска мрежа, потребни се легални предуслови за некои ситуации, промена на планови, изработка на проекти, тендери и на крај реализација.
Но има едно од нашите клучни барања кое е многу едноставно за реализација, многу значајно за велосипедистите, но на терен не гледаме подобрување во таа насока, напротив, условите се влошуваат. 


Се работи за велосипедските паркинзи кои задолжително се опремуваат со велосипедски држачи заради заклучување и безбедност на велосипедот.
Тие се неопходни на секоја појдовна точка и секоја дестинација на граѓаните кои го користат велосипедот како превозно средство: нивниот дом - станбените згради, нивното работно место, трговските центри, пазарите, училиштата, факултетите, културните и спортски центри, парковите, плоштадите, рестораните, итн. 

Пример за добар и едноставен градски паркинг во Скопје


Велосипедот е максимално користен како превозно средство доколку со него може што поблиску да се стигне до крајната дестинација, што значи велосипедски држачи треба да има насекаде, во близина на секоја „врата“. А изминативе неколку години сведоци сме дека на старите држачи им се влошува состојбата, не се одржуваат, а нови не се поставуваат иако бројот на граѓаните кои користат велосипед како превозно средство е зголемен. Дури онаму каде што се поставуваат често се користи неадекватниот дизајн „чешел“.


Основен држач за велосипеди кој се залагаме да се применува е типот „Шефилд“ во облик на буквата П, кој ги задоволува основните барања од член 66, 67 и 68 од Предлог Правилникот за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедска инфраструктура, кој моментално се доработува во Министерството за Транспорт. Можат да се користат и држачи со изменет облик, но со истите принципи на П-држачот.

Димензии на велосипедски П држачи – тип „Шефилд“


Правилникот е достапен на овој линк и насоките можат да се искористат уште во овој момент, и пред да станат задолжителни. 


Сметаме дека Град Скопје и скопските општини со своите буџети можат да си дозволат пообемно поставување на вакви држачи на територијата на Скопје, со кои ќе го направат велосипедот попрактичен за користење. Корисниците доаѓаат до крајната дестинација и приморани се да ги врзуваат велосипедите за бандери, канделабри, огради, сообраќајни знаци, дрвја итн., на места на кои можеби пречат на останатите минувачи. Или пак едноставно воопшто не доаѓаат до таа дестинација со велосипед поради отсуството на безбедна опција за заклучување на велосипедот.

Предлагаме стручните служби од општините и Град Скопје да лоцираат дестинации на кои недостасува паркинг за велосипеди на просторот кој е под нивна надлежност, да определат микролокации кои ги задоволуваат критериумите од Предлог-Правилникот и да определат тип на држачи кои ќе бидат и интересни, и претставителни, но во секој случај функционални како П држачите.
Друга опција е преку некаков повик/анкета/формулари да се повикаат граѓаните, институциите и бизнисите да дадат конкретни предлози, па општината/Градот врз база на приоритети и исполнети услови да постави држачи на тие локации. НаТочак стои на располагање за асистенција во ова, за истото да има поголем и подолготраен ефект.

Дополнително, потребна е замена на постоечките нефункционални паркинзи за велосипеди пред јавните институции, од типот на кој може да се врзе предното тркало (чешел) во функционален „П“ држач со универзален дизајн.

     

Споредба на типот „чешел“ со функционалниот „П“ дизајн 


Преку создавање услови за безбеден велосипедски сообраќај општините се грижат своите жители да живеат подобар живот, со намалена бучава, воздушно загадување и повеќе простор на улиците за игра и дружење.


До сега голем дел од скопските општини даваа субвенции за нови велосипеди, мал дел направија некаква велосипедска инфраструктура за движење на велосипедите, па логичен чекор е да се направат паркинзи за велосипеди и со тоа граѓаните да можат безбедно да стигнат од секоја точка А до секоја точка Б.


Паркинзите за велосипеди се најевтиното, наједноставното и најбрзо спроведливото решение во кое може да инвестираат општините за охрабрување на граѓаните повеќе да ги користат своите велосипеди. 


За секакви консултации НаТочак ви стои на располагање преку нашиот мејл и социјалните медиуми.


Со почит,

--

НаТочак 23.05.2025

неформално здружение за урбан велосипедизам



За подобро вело - Скопје

e-mail: natochak@gmail.com

blog: natochak.blogspot.com

FB: facebook.com/NaTochak

TW : twitter.com/NaTochak


1 comment:

  1. Здраво на сите, јас сум г-ѓа Аиша Мохамед и моментално живеам во Њу Џерси, САД. Јас сум вдовица со три деца; во април 2026 година се најдов во тешка финансиска ситуација и имав потреба од рефинансирање и плаќање на сметките. Се обидов да добијам заем од разни фирми, како приватни така и корпоративни, но без успех, а повеќето банки го одбија моето барање. Не наседнувајте на измамниците што се претставуваат како даватели на заеми – сите тие се измамници; сакаат само да ви ги земат парите, а потоа повеќе нема да слушнете ништо од нив (мене ми се случи тоа двапати пред да го запознаам г-дин Марк). Најдобриот дел е што заемот од 40.000 долари ми беше префрлен во рок од 74 часа. Затоа, ви препорачувам да го контактирате г-дин Марк доколку сте заинтересирани за заем и сте сигурни дека можете навреме да го вратите. Можете да го контактирате преку е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com). Нема проверка на кредитна историја, не е потребен жирант, а каматната стапка е само 3% со поволни планови и распоред за отплата. Ако треба да контактирате фирма за добивање заем без обезбедување (колатерал), контактирајте го г-дин Марк уште денес.
    Тие нудат различни видови заеми:
    Краткорочни заеми (1–5 години)
    Долгорочни заеми (5–9 години)
    Нудат заеми како:
    Стамбени кредити, деловни кредити, кредити за отплата на долгови,
    Студентски кредити, кредити за започнување бизнис,
    Деловни кредити, корпоративни кредити итн.
    Е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com)
    WhatsApp: +2349124847559
    Кога станува збор за финансиска криза и потреба од заем, „Trust Bridge Financial Service“ е вистинското место. Ве молам, кажете му дека јас, г-ѓа Аиша Мохамед, ве упатив кај него. Со среќа!

    ReplyDelete