Добивме одговор од Општина Центар на нашиот Анкетен лист за Деталниот урбанистички план за Стара железничка станица (ДУП Ц 06) испратен преку системот е-урбанизам.
За пофалба е ажурната комуникација на Општина Центар по електронски пат и користењето на е-урбанизам за јавна анкета, споредено со другите општини, но за пофалба не е содржината на одговорот.
- Содржината на нашиот анкетен лист во текст и слики ја има на овој линк.
- Одговорот на анкетниот лист во текст го има во продолжение (да, го прекуцавме, за да може да се пребарува).
- На крајот го има нашето толкување.
Одговор од Стручната комисија на Општина Центар:
Забелешката делумно се прифаќа.
Согласно Член 11 став (6) од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), деталниот урбанистички план како план од пониско ниво, мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план.
Улицата „Јордан Мијалков“ (ул.Железничка) е улица од примарната улична мрежа со регулационен профил (широчина) дефиниран во Генералниот урбанистички план на Град Скопје (2012-2022). За предметната сообраќајница изработен е и „Проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за улица „Јордан Мијалков“ од улица „Мајка Тереза“ до улица „Павел Шатев“ Општина Центар-Скопје“, со заверка бр. 13-2015/1 од 20.03.2014 година. Улиците од примарната мрежа не можат да бидат предмет на промена во Детален урбанистички план. Следствено, предметната улица во Предлог-Детален урбанистички план Градска четврт Ц 06- Стара Железничка станица, Општина Центар - Скопје, плански период 2019-2024 е во целост преземена од горенаведениот Проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба.
Барањето за предвидување на велосипедска патека преку ГУП 01.01 не се прифаќа земено предвид правните последици кои се предизвикани со оттуѓување на земјиштето од страна на Министерството за транспорт и врски бр. 22УП-392/3 од 12.03.2012 година.
Согласно точка 4. Општи услови за изградба, развој и користење на земјиштето и градбите кои важат за целата површина на планскиот опфат под поглавје Уредување на јавен простор во точка 4.6 е наведено дека: „При изработка на проектна документација за уредување на земјиштето за општа употреба задолжително да се обезбеди паркинг простор за велосипеди“.
Накратко објаснето:
Заклучок: Треба да се преиспита како воопшто е одобрен ваков инфраструктирен проект! По кои правила и прописи? И истиот треба да се ревидира и преработи во име на јавниот интерес.
2. Забелешката 2 за ВЕЛОСИПЕДСКА МРЕЖА НИЗ БЛОКОТ, oдносно за попречни ЈАВНИ ПЕШАЧКИ И ВЕЛОСИПЕДСКИ ВРСКИ низ блокот не ни се прифаќа зашто е повторно Општина Центар ненадлежна. Министерството за транспорт и врски го оттуѓило земјиштето во 2012 година (веројатно договор? бр. 22УП-392/3 од 12.03.2012 година) односно дало слобода да се гради без да даде никакви обврски кон купувачот дека во блок долг 900 метри треба да остави пешачки/велосипедски пролази. Се ствара огромен ѕид (Лимак) кој вработените во Клиника и жителите на овој дел од Водно ќе треба да го забиколуваат по 2 пати за да стигнат до центарот на градот. И обратно. Тотално нехуман простор.
Заклучок: Треба да се поставуваат услови кога се продаваат големи парцели: да се формираат пасажи, пролази, јавни патеки, за да не ствараат непробивни ѕидови во градот.
3. Забелешката 3 за ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАРКИНГ исто така не ни е прифатена, односно останува обврската за обезбедување паркинзи за велосипеди на јавните простори која веќе ја имаше и ја пофаливме во анкетниот лист, но не се прифаќа обврската за објектите и проектните документации која ја побаравме.
Се поставува прашањето како ЗАБЕЛЕШКАТА ДЕЛУМНО Е ПРИФАТЕНА, кога на 3 барања е одговорено негативно? Без оглед чија е надлежноста.
No comments:
Post a Comment