После упатените барања за зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот до Град Скопје и другите надлежни институции, групата НаТочак беше повикана на состанок во Град Скопје, од кој произлезе следниот записник кој го изработи Град Скопје и го одобри НаТочак.
Изготвувањето и објавувањето на записници беше една од работите кои НаТочак ги побара од Градот, со цел потранспарентно информирање на јавноста, можност за нејзино вклучување со сугестии, како и подобро следење на динамиката на реализација на договорените цели.
На состанокот му беа презентирани барањата на Градоначалникот и заедно со претставниците на засегнатите сектори се дискутираа проблемите на велосипедистите и можностите за нивно решавање во Скопје. Дел од темите и проблемите се отворија и попродлабочено дискутираа на овој состанок, дел ќе останат за следните.
НаТочак покрај тоа што посочува на поединечни проблеми (опасни дупки, конкретен висок рабник или билборд на сред патека) пред се' се залага за темелно и долгорочно решавање на проблемите со соодветни закони и правилници, а потоа и посветеност на градските служби.
Во изминатите 2 години комуникација со градската администрација забележуваме напредок во разбирањето на проблемите на велосипедскиот сообраќај и очекуваме тоа да се одрази во пракса, преку квалитетна изведба на проектот Скопје вело-град, но и преку реализација на останатите барања.
Во продолжение, записникот.
ЗАПИСНИК
од одржан состанок помеѓу Град Скопје и неформално здружение „На Точак“ во врска со унапредување на велосипедската инфраструктура во Скопје
Состанокот се одржа на 05.10.2015 година од 12.15 – 14.00 часот во кабинетот на Градоначалникот на Град СкопјеНа состанокот присуствуваа:
•Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје
•Синиша Ивановски, Директор на ЈП Улици и патишта
•претставници од: Сектор за поддршка на Градоначалникот, Сектор за планирање и уредување на просторот, Сектор за сообраќај и Сектор за одржување и изградба на сообраќајници
•2 претставници од неформално здружение „На Точак“
Состанокот го отвори градоначалникот на Град Скопје при што им посака добредојде на претставниците на неформалното здружение „На Точак“ и им се заблагодари за соработката и активностите што ги преземаат за поттикнување на користењето на велосипед.
На состанокот од страна на претставниците на неформалното здружение „На Точак“ беа изнесени предлози и барања за унапредување на велосипедската инфраструктура и безбедноста на велосипедистите при што беше дискутирано за:
•донесување на правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во најкраток можен рок со цел избегнување на импровизации при проектирањето
•споделување на проектниот документ за проектот „Скопје вело – град“ со цел запознавање со деталите и изнесување забелешки од страна на „На Точак“
•задолжително планирање на велосипедска инфраструктура при проширување и изградба на сообраќајниците како и обезбедување на велосипедска инфраструктура на сите изградени сообраќајници без велосипедска инфраструктура
•отстранување на сите пречки на велосипедските патеки со цел обезбедување на непречено и безбедно одвивање на велосипедскиот сообраќај
•соработка со РСБСП со цел спроведување на кампања за возење на велосипед за време на зимскиот период, паралелно комплетирање на рута 1, на почеток на зимска сезона, со цел промоцијата да се одвива на рута 1
•предвидување на велосипедска патека за одвивање на велосипедски сообраќај при времена измена на режимот на сообраќај при градба на објекти со можност за уредување во законска рамка
•при статистичка обработка на податоци да се земат предвид податоци за поседувањето и користењето на велосипед
•соработка со сообраќајната полиција
•заштита на велосипедските патеки од моторни возила со поставување на столбчиња посебно на бул. Партизански одреди
Од страна на претставниците на неформалното здружение „На Точак“ беа доставени и конкретни предлози и барања за зголемување на безбедноста на велосипедистите и другите ранливи учесници во сообраќајот во пишана форма.
Градоначалникот на Град Скопје истакна дека Град Скопје интензивно работи на унапредување на велосипедската инфраструктура и потенцираше дека во моментов се изведуваат градежни активности на рутата 1 од акциониот план односно на дел од ул. Александар Македонски, ул. Беласица и булевар Илинден за што се ангажирани три компании и дека во најкраток можен рок ќе започнат и градежни активности на бул. Гоце Делчев.
Целта е да бидат запазени роковите дефинирани во акциониот план односно рутата бр. 1 да биде готова до крајот на оваа година. Притоа треба да се има предвид дека овој проект е започнат пред 1 година и е во развој, така што е во фаза на инволвирање на сите засегнати страни. Формирано е координативно тело кое ја реализира и следи целата реализација на патеките, но постојат можности да се надополнува со други институции и субјекти, со цел подобрување на резултатите кон кои сме насочени.
На состанокот беа донесени следниве заклучоци по однос на предлозите и барањата:
•повторно да се консултира неформалното здружение „На Точак“ пред усвојување на правилникот за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура, кој е предаден во Министерство за транспорт и врски и се чека на негово одобрување.
•да се организира состанок со неформалното здружение „На Точак“ со членови на координативното тело со цел запознавање на неформалната група „На Точак“ со проектниот документ за проектот „Скопје вело - град“ и неговите детали.
•членови на координативното тело заедно со претставници на неформалното здружение „На Точак“ заедно да возат велосипед по велосипедските патеки со цел да се согледаат проблемите на истите
•да се испрати барање од Градоначалник на Град Скопје до Директорот на државниот завод за статистика за во статистичката обработка да се земат предвид податоци за поседувањето и користењето на велосипед
•најмалку еднаш месечно координативното тело да одржува состаноци со претставници на неформалното здружение „На Точак“
•градот Скопје ќе оствари соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата за осмислување и спроведување на кампања за возење на велосипед во зимски услови
•да се продолжи со поставување на столбчиња по должина на бул. Партизански одреди со цел заштита на велосипедската и пешачката патека од нелегално паркирање на моторни возила
•да се изгради времена велосипедска патека на потегот од Мостот Гоце Делчев до ул. Филип II Македонски. (додека траат градежните работи до Стоковна Куќа Мост, н.з.)
•по донесување на измената на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање која се однесува на намалување на ширината на сообраќајните ленти која беше по барање на Град Скопје, да се пристапи кон изработка на проектна документација за воведување на велосипедски ленти на бул. Климент Охридски со цел обезбедување на простор за велосипедски сообраќај, бидејќи во новиот закон за безбедност во сообраќајот се предвидени велосипедски ленти.
Скопје, 05.10.2015
4 comments:
Na Partizanska da se stavat stopxinja 200 metri pred i posle slatkarnicata Palma i kaj "kockarnicite" inaku od Vlae do Angelkovski krojacot se vozi po velo patekata iako na nekolku mesta e ruinirana i so malku pari moze da se koregira
Isto da se oslobodi trotoaratppo Vodnjanska sega Nane Teresa ida se obelezi 80 cm so crvena linija i od leva i od desnata strana , znaci i kon Vodno i od Vodno, i da se znae deka Vodno go koristat 5000 do 6000 velosipedisti nedelno
nice info
Jasa Pembuatan Booth Pameran
Kontraktor Booth Pameran
Vendor Booth Pameran
Я здесь, чтобы поделиться своим свидетельством о том, что хорошая кредитная компания, которой доверяют, сделала для меня, я из России, и я прекрасная мать 3 детей. Я потеряла свои средства, пытаясь получить кредит для расширения моей вечнозеленой группы компаний. это было так тяжело для меня и моих детей, я пошел в Интернет, чтобы искать помощь в кредите, вся надежда была потеряна до одного рокового дня, когда я встретил своего друга, который недавно получил кредит от очень честного человека, мистера Педро. Она познакомила меня с этим честным кредитным специалистом, г-ном Педро, который помог мне получить кредит в течение 5 рабочих дней, я всегда буду благодарен г-ну Педро за то, что он помог мне снова встать на ноги. Вы можете связаться с г-ном Педро по электронной почте: pedroloanss@gmail.com / WhatsApp: +18632310632 они не знают, что я делаю это для них, но я просто должен сделать это, потому что там много людей, которые нуждаются в помощь в получении кредита, пожалуйста, обратитесь к этому честному человеку, и вы также можете быть в безопасности.
Post a Comment