Showing posts with label пријава. Show all posts
Showing posts with label пријава. Show all posts

01 August, 2020

Пријава на инфраструктурен проблем – уништена велосипедска патека поради работа со тешка машинерија

На 22.јули испративме пријава до Град Скопје и до ЈП Улици и патишта за уништување на велосипедската патека на Партизанска поради невнимателна работа со тешка машинерија.Пријавата како .pdf документ е достапна на линкот, а како текст во продолжение. Подетален и посликовит опис на проблемот има во албумот на Facebook, достапен на овој линк. Албумот е објавен на 31. јули, откако 9 дена после пријавата, уништувањето на патеката продолжи.-------------------------До:                          Град Скопје Сектор за уредување...

23 March, 2020

Допис за прекин на патеката на кејот на Вардар за мост на бул.АСНОМ

Денес, 23.03.2020 НаТочак испрати допис до Град Скопје во врска со прекинот на велосипедската патека на кејот на Вардар во општина Аеродром поради извршување на градежни работи за мостот на бул. АСНОМ, а без изведено заобиколување. Дописот е достапен во .pdf облик на следниот линк, а како текст во продолжение: --------------------------- Скопје, 23.03.2020До: Град Скопје Сектор за уредување и просторно планирање Предмет: Пријава на инфраструктурен проблем – прекин на кејот за мост на бул. АСНОМ Почитувани, По реакциите на многу граѓани до нас, би сакале да ве известиме за непочитување на точка 2.1.4 Воведување на обврска...

27 June, 2018

Допис за виснатите гранки над велосипедските патеки

Сакаме дрвја покрај и над пешачките и велосипедските патеки (Критична маса #74: Дрвјата се наша клима ја посветуваме на нив), но за да гледаме само корист од нив, а не штета, во урбана средина, тие мора да се одржуваат.За да не бидат практична и безбедносна пречка ниско спуштените гранки и раширените грмушки, реагиравме повеќе пати до надлежните служби од Паркови и зеленило и Град Скопје, со пораки и повици, а овојпат и со официјален допис. Дописот како текст го има во продолжение, а како документ е достапен на следниот линк.Споделуваме и видео како изгледа да се вози точак по една од споменатите патеки, на бул. Партизански одреди. -------------------------------- Почитувани...

13 September, 2017

Пријава на инфраструктурен проблем : мешани пешачко-велосипедски патеки долж Бул. Кочо Рацин

На 13.09.2017 до Координативното тело за урбан велосипедизам НаТочак упати допис во врска со почетокот на градежните работи на бул. Кочо Рацин.За истиот булевар беше разговарано и усно, но НаТочак сакаше да остане запис во облик на пријава од официјалниот став.Па еве го во продолжение како текст или како документ на линкот. -------------------- До: Град СкопјеКоординативно тело за урбан велосипедизамПредмет: Пријава на инфраструктурен проблем мешани пешачко-велосипедски патеки долж Бул. Кочо Рацин ПРИЈАВА Почитувани,Би сакале да изразиме загриженост и незадоволство во врска со градежните работи кои деновиве се извршуваат на бул. Кочо Рацин,...

30 March, 2017

Пријава на возила на спортско-рекреативната патека на кејот на Вардар

После забелeжаната фотографија на off.net.mk и реакциите кои ги добивме од повеќе сограѓани велосипедисти, испративме пријава до надлежните институции во врска со несоодветно користење на патеката на кејот. Ова не е првпат да се користи патеката на кејот со моторни возила, но е првпат да забележиме толку тешко возило. Текстот од пријавата го има во продолжение, а како документ на линкот. ----------------------------------До: Град Скопјег. Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје,Општина Аеродромг. Ивица Коневски, Градоначалник на Општина АеродромОпштина Карпошг. Стевче Јакимовски, Градоначалник на Општина Карпош Предмет: Пријава...

11 January, 2017

Допис до Град Скопје за чистење на велосипедските патеки од снег

Во врска со попреченото движење (од неисчистениот снег и мраз) на велосипед во Скопје, НаТочак испрати допис до надлежните од Град Скопје.Дописот како документ е достапен на следниот линк, или како текст, во продолжение: ------------------------- До Град Скопје                                                                          Почитувани, Неформалната...

07 July, 2016

Пријава на инфраструктурен проблем - понизок и пропаднат асфалт на велосипедска патека - бул. Илинден

НаТочак испрати пријава до Координативното тело за урбан велосипедизам при Град Скопје во врска со воочен проблем на Рута 1 од проектот “Скопје Велоград 2017“ - понизок и пропаднат асфалт. Се надеваме проблемот навремено ќе се санира со цел да се заштити патеката од натамошно оштетување. Исто така се надеваме дека овој апел ќе влијае да се пристапи со поголемо внимание при изведбата на останатите рути од проектот. Документот кој е испратен до Координативното тело е достапен на линкот, а текстот од пријавата заедно со фотографиите ги има и во продолжение. -----------------------------------   До: Град Скопје Координативно...

25 August, 2015

Пријава на инфраструктурен проблем - прекин на велосипедска патека - спроти Систина

Изминатите години на различни места во градот се појавуваат прекини на велосипедски (и пешачки) сообраќај поради изведба на градежни работи. Сметаме дека треба да биде правило (особено на многу фреквентни локации) да се обезбедат привремени алтернативни патеки / мостови /премини за да се овозможи безбедно сообраќање додека траат градежните работи.  Во очи на Критична маса #40 која е посветена на пристапноста на Кејот на Вардар за велосипеди, испративме две пријави до Град Скопје.  ------------------------------- До:                        ...