Датум: 25.06.2014, последна среда во месецот
Почеток: 19:00, Плоштад Македонија
Крај: 20:30, МКЦ
Почеток: 19:00, Плоштад Македонија
Крај: 20:30, МКЦ
---------------------------------------------------------------------
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
---------------------------------------------------------------------
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
---------------------------------------------------------------------
постерот за КМ 26 |
Секој може. На точак до работа, на точак на кафе, на точак на
концерт, на шопинг, до банка, на пазар, на корзо, секаде и секој ден на точак!
Освен точак со
браници, светла, ѕвонче и корпа ништо специјално не ти е неопходно од опрема за
тебе или за точакот за низ град.
Урбан
велосипедист не значи ни повеќе ни помалку од она што си ти, само со плус точак
под себе. Се качуваш
каков(а) што си и си вртиш! :) Практично е и просто е! Како дотерани пешки, така и на точак!
Точакот може да
биде и дел од стилот на секој или едноставно обично превозно средство на кое ќе
се чувстуваме удобно и ќе може да стигнеме било каде и било како облечени, како
и со секој друг превоз. Точакот не е само играчка за деца и средство за
спортување, тој може да биде интегрален дел од твоето секојдневие и од
градскиот живот.
А градот со
повеќе точаци е поопуштено место, со поубав воздух за дишење, поубави звуци за
слушање, поубави глетки за гледање. Секој е убав на точак. На секој му стои
точак. Почни да вртиш педали, увери се! :)
И дојди да прошетаме! Да ја почувствуваме убавината на
возењето заедно во простор кој е наш и неокупиран, рамен и удобен, какви што сакаме да бидат и велосипедските патеки.
Да создадеме и
оваа последна среда од месецот симболичен слободен простор со Критична маса и
да ја искажеме потребата за реален таков во Скопје, за на точак, за секој ден!
Возењето точак е најопуштена активност на свет!
Дојди да го почувствуваме приквечерното летно ветре, да го доживееме
одблиску градот. Да ги разубавиме улиците и да направиме да дишат подлабоко за
момент.
Да направиме едно вело-корзо на 25-ти јуни, со почеток од 19:00 од плоштад Македонија.
Да направиме едно вело-корзо на 25-ти јуни, со почеток од 19:00 од плоштад Македонија.
Ќе возиме по следнава рута:
View Критична Маса #26 in a larger map
View Критична Маса #26 in a larger map
Слободно
дотерајте се, и себе и точакот, како за корзо. ;)
*** Секој учесник вози на своја одговорност.