Ова упатство е преземено од: http://www.shareable.net/blog/how-to-start-a-critical-mass-ride#.T5a_VI5zng8.tumblr,
1. Разбери ја структурата на Критична маса (КМ).
КМ нема водичи. Тоа е настан, не организација. Не постои интернационална група која ги лиценцира локалните возења. Во секој град кој има КМ, еден или повеќе велосипедисти одбрале ден и време и почнале да делат флаери. Ако твојот град нема КМ, тоа ќе го направиш ти. Не ти треба никој да го одобри возењето. Само вози.
2. Стави го во перспектива
Критичната маса може да биде забавна, но сама за себе Критична Маса нема да смени ништо. КМ е ефективна само кога е комбинирана со вистинско застапување – како лобирање во локалните и државни власти за велосипедски патеки и прогресивни закони. Ако се што ти и твоите пријатели правите е само возење велосипеди, немој да бидеш изненаден кога ништо нема да се промени.
3. Се одлучва периодично време, ден и почетна локација
Критичната маса се случува во константно време и место секој месец за луѓето секогаш да знаат каде и кога е истата. Последниот петок од месецот е традиционално, но многу групи имаат избрано други денови. 17:30 е добро време за КМ, затоа што дава шанса на луѓето што работат до 17:00 да стигнат да возат, додека остава доволно сончева светлина во повеќето месеци за солидно возење.
4. Не се бара дозвола
Кога локалната полиција дознава за возењете, понекогаш инсистираатна вадење дозвола. Ова не е препорачливо. Поентата на Критична Маса е во тоа што возењето велосипед е право, а не привилегија. На автомобилите не им требаат дозволи за да возат на улиците, не би требало ни за велосипедите.
5. Не мора да се избере патека на возење
Повеќето критични маси немаат конкретна патека на возење – тие поминуваат низ центарот на градот по случаен избор, со било кој што се наоѓа во првите редови водејќи го патот. Се разбира, можеш да се избере патека, но не е задолжително.
6. Сообраќајните закони треба да се знаат
Ако настанот привлече поголем број на велосипедисти, може да се очекува внимание од полицијата. Велосипедистите можеби ќе ги почитуваат законите или можеби ќе ги прекршат, но сепак мора да се знаат законите за да знаеш дали ги прекршуваш. Повеќето градови бараат велосипедистите да ги почитуваат истите закони како и автомобилите. Веројатно исто така бараат осветлување за возење откако ќе се стемни и можеби има ограничување за колку велосипедисти можат да возат еден до друг во линија.
7. Дали да се блокира сообраќајот?
Најконтроверзниот аспект од Критична Маса е до која мера ќе блокира сообраќај. Луѓето кои учествуваат во КМ имаат обичај да велат „Ние не блокираме сообраќај, ние сме сообраќај!“ Но само затоа што велосипедистите се законски корисници на патиштата тоа не значи дека тие не ги успоруваат другите учесници во сообраќајот.

КМ треба да биде прослава во чест на велосипедизмот, а не можност да се види колку можеш да им пречиш на другите. КМ е за воспоставување на твоите права на патот, а не да им ги одземеш правата на другите.
Остави барем една сообраќајна лента слободна. Возење на целиот пат можеби е забавно за тебе, но тоа секако ќе допринесе за побрз одговор од полицијата. Со тоа нема да придобиеш нови пријатели. Дали правиш КМ за да им покажеш на автомобилистите колку е забавно да се вози велосипед, или само се обидуваш да ги изнервираш зошто тоа прави да се чувствуваш подобро? Дури и да одлучиш дека нема да ги заземаш сите ленти, не можеш да ги контролираш останатите возачи, некои велосипедисти ќе сакаат цело време да ги заземат сите ленти . Ако тоа не е типот на КМ што сакаш да го организираш, објасни го тоа јасно на флаерите за настанот, и обезбеди возачи кое ќе извршуваат нежен притисок врз велосипедистите кои можеби ќе залутаат во другите ленти.
8. Соочување со мотористи
Малтретирање на мотористи не му помага никому. Можеш да ги воспоставиш твоите права на патот без да бидеш идиот. Многу луѓе кои учествуваат во КМ се трудат да бидат пријателски расположени кон возачите на автомобили, како насмевнување и поздравување, дури насмевнување и поздравување и кога возачите на автомобили им свират или пцујат. Некои дури одат и подалеку, па делат цвеќиња, држат знаци „Се извинуваме поради задржувањето“, или делат флаери со кои се извинуваат за минималното еднаш-во-месецот задржување.
9. Биди подготвен за полициско вмешување
Полицијата можеби ќе се појави на вашата КМ, а можеби и не (но ако постојано ги заземаш сите сообраќајни ленти или ги вознемируваш останатите учесници во сообраќајот, тогаш тие скоро сигурно ќе се појават). Ако се појават, тие можеби ќе ве малтретираат за прекршување на сообраќајните закони, а можеби ќе ве малтретираат дури и да немате прекршено сообраќајни закони. Твојата најдобра одбрана против неразумна полициска акција е видео камера.
10. Биди креативен
Критична Маса може да биде празничен и весел настан. Многу возачи носат костуми или екстравагантно ги декорираат нивните велосипеди. Употребија твојата фантазија. Тоа ги прави возењата позабавни.

0 comments:
Post a Comment