Упатство за учесници

Што треба да знае секој учесник на „Критична маса - Скопје“?
1. Сообраќајни правила и однесување: 
- возиме со умерена брзина во најдесната сообраќајна лента наменета за посакуваната насока на движење.
- кога вртиме во лево и десно ја испружуваме соодветната рака; крената рака значи сопирање.
- кога групата е побројна, применуваме т.н. зачепување (corking). Пред почетокот на возењето, информирајте се дали ќе се зачепува или не. Упатство за зачепување може да најдете тука.
- други упатства при возењето Критична маса може да најдете тука.
2. Заради лична безбедност ви ги препорачуваме законските одредби во врска со задолжителната опрема за велосипед:
- бело предно и црвено задно светло
- катадиоптри на педалите, сопирачки и ѕвонче
- наша препорака е возење со заштитна кацига
За повеќе детали види го делот „Точкарски закони во РМ“. 3. За идејата:
Бидејќи не сакаме да создадеме непријатности на другите учесници во сообраќајот, затоа не окупираме повеќе од една лента од коловозот. Целта е да привлечеме внимание кон нашето право на дел од улиците, да ги придобиеме сите на наша страна, а не да создадеме непријатели.
Кога ќе имате реакции, објаснувајте им на другите учесници во сообраќајот: возачи, пешаци итн., зошто го правиме ова. Подајте им флаер кој ги објаснува нашите цели. Мафкајте им и повикувајте ги да ни се придружат, особено луѓето на велосипед. Да се обидеме Критична маса да стане прослава на цел град! 
Важно: Во име на добриот имиџ на настанот, кога некој во текот на возењето отстапува од ова однесување, потсетете го дека не е тоа во наша корист. Однесувањето и безбедноста на сите учесници во настанот се одговорност на секој од учесниците. Бидете совесни и одговорни!

4 comments:

Unknown said...

Имате грешка. Крената лева рака значи дека се врти десно, бидејќи на велосипед со една рака се сигнализира, обично левата. Сигналот за запирање е спуштена рака надоле.

http://againstthegrind.com/2010/08/06/15-bike-safety-tips-that-will-save-your-life/

На Точак said...

Благодарам на забелешката. Не бев свесен за различните сигнали, затоа побарав на интернет. Википедија знае се' :-), па така и за ова: http://en.wikipedia.org/wiki/Hand_signals. Во многу земји е различно. Мислам дека ние ги следиме Европските сигнали, т.е. онака како што е во текстот. Сепак не бев свесен за постоењето на различни сигнали во различни земји.

Darko Jovchevski said...

Премногу ке биде комплицирано доколку се чекаме после секој семафор а рутата е доста долга .Сметам дека поедноставно е да се блокира секој семафор за да биде текот на групата вистински виден а не поделен.
Corking


Detail from the November 20, 1992 flyer by Joel Pomerantz which introduced the concept of corking
Because Critical Mass takes place without an official route or sanction, participants in some cities have sometimes practiced a tactic known as "corking" in order to maintain the cohesion of the group. This tactic consists of a few riders blocking traffic from side roads so that the mass can freely proceed through red lights without interruption. Corking allows the mass to engage in a variety of activities, such as forming a cyclone, lifting their bikes in a tradition known as a "Bike Lift" (in Chicago this is referred to as a Chicago hold-up), or to perform a "die-in" where riders lie on the ground with their bikes to symbolise cyclist deaths and injuries caused by automobiles, very popular in Montreal. The "Corks" sometimes take advantage of their time corking to distribute fliers.
The practice of corking roads in order to pass through red lights as a group is in contravention of traffic laws that govern cyclist traffic and is contrary to Critical Mass' claim that "we are traffic", since ordinary traffic (including bicycle traffic) does not have the right to go through intersections once the traffic signal has changed to red[20]. Corking has sometimes led to hostility between motorists and riders, even erupting into violence and arrests of motorists and cyclists alike during Critical Mass rides.[21]

На Точак said...

Да, знаеме за зачепувањето (corking). Размислуваме за тоа, но за да се изведе зачепување, потребен е поголем број луѓе кои знаат како се прави тоа. За жал моментално немаме доволно.
Додека немаме доволно луѓе (проценката е минимум 20) кои сакаат и знаат да зачепуваат, ќе се чекаме повеќе пати во текот на возењето. Досега не сосема го практикувавме чекањето.

Post a Comment