Showing posts with label #SkNaTochak. Show all posts
Showing posts with label #SkNaTochak. Show all posts

21 December, 2013

Вело-резолуција: Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе...

Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.


Подолу е делот од вело-резолуцијата посветен на Скопје.


Прочитајте овде за тоа како ја направивме.
А за делот од резолуцијата посветен на предизвиците кои дел од точакољупците си ги поставуваат себе, прочитајте овде.

Желбите за Скопје во 2014-та ги поделивме во 3 категории:
1. Инфраструктурни проблеми
2. Сообраќај и безбедност
3. Култура, едукација и општа состојба.

Голем дел од желбите и не се само желби, туку одлични и зрели идеи кои градов би можел да ги искористи.
Ви благодариме на сите за придонесот.

Да се надеваме дека идеите ќе допрат до свеста на нашите сограѓани, вклучително и оние кои имаат поголеми надлежности и имаат можност да променат повеќе.

-------------------------------------------------------

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе...

[ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОБЛЕМИ]

...има помалку дупки во кои ќе се собираат вирови.
...има помалку црвени ленти кои удираат во високи рабници...
...воопшто нема неслеани високи рабници.
...во 2014 сакам ниеднаш да не се симнам од точак на рутата до работа поради рабник, пешак, пешаче, контејнер, столб, знак, дупка.. да се симнам само ако има диско топка на патот или камионче со сладолед.
...има функционални велосипедски патеки.
...има реконструирани велосипедски патеки.
...има асални велосипедски патеки.
...во кое нема патеката да ме насочува во билборди или автобуски постојки.
...има патеки со висок квалитет, а не плочки кои се расклатуваат.

[СООБРАЌАЈ И БЕЗБЕДНОСТ]

...нема паркирани автомобили на велосипедска патека.
...има велосипедски патеки (сега нема!)
...има паркинзи за велосипеди.
...не' третира како сообраќај кога прави проект за интегрирано управување на сообраќајот и поставува знаци за него.
...има паркинзи за точаци пред секоја нова зграда.
...има зони 30 каде ќе се вози со намалена брзина.
...има барем еден булевар со зелен бран за велосипеди.
...има велосипедска мапа и велосипедски знаци насекаде.
...има повеќе пешачки и велосипедски мостови.
...(да пуштиме апел до) фирмите да обезбедат паркинг за велосипеди пред работното место.
...има поквалитетен јавен велосипедски превоз.
...да му се даде поголем акцент на јавниот велосипедски превоз.
...да има повеќе пунктови за јавен велосипедски превоз.
...да има повеќе вело-паркинзи во чаршија и на плоштад.
...Сакам Скопје да добие надземна платформа за точаци што ќе ги поврзе сите делови од градот.
...повеќе велосипедско-пешачки мостови на Вардар, како би се скратиле патувањата
...коловозот на Рекорд да стане зона само за јавен превоз, велосипеди (и можеби такси) како централната улица во Љубљана
...има велосипедска мрежа, а не испрекинати патеки.
...Во лето 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе има непрекинати велосипедски патеки со сенки од раскошно природно зеленило 
...во 2014-та сакам да се смени законот за сообраќај и да се дозволи да закачиш на точакот количка или друг додаток во кој ќе може да превезуваш деца, пријател/ка, партнер/ка, родител, шефот  итн...
...Во 2014-та сакам Скопје во кое ќе биде дозволено да го качиш точакот на бус ако ти се расипе и Македонија во која ќе може да го качиш точакот во воз (ако е забрането). Цената што ќе треба да ја платиш да биде минимална со цел да се популаризира велосипедизмот.
...Во 2014-та сакам #SkNaTochak кое ќе добие велосипедска мрежа место испрекинати патеки.
...во кое ќе функционира пајак-служба поревносно.
...кое ќе има car-free зони и вистински Car-free day без коли. Барем во некои маала, барем еден ден.
...има рекреативна патека по целата должина на Вардар.
...се чувствувавм безбедно да возам низ град (без она: Ups, I survived again")

[КУЛТУРА, ЕДУКАЦИЈА И ОПШТА СОСТОЈБА]


...има повеќе граѓани на точак...
...има востановено предмет урбан велосипедизам во основно училиште.
...има градоначалници и пратеници кои ќе доаѓаат на работа на точак.
...има фестивали и манифестации за велосипедизам.
...нема велосипедистите да ги третира како проблем, туку вложувањето во велосипедски сообраќај како решение на многу проблеми.
...има велосипедски тури за туристи.
...се излегува навечер на точак.
...се дуплира бројката за критична маса.
...Во 2014-та сакам Скопје во кое нема да има потреба да се возам со гол задник за да бидам забележан како учесник во сообраќајот.
...Во 2014-та сакам Скопје (на точак) во кое ќе си мафтаме со тие ВоКола место да се напињаме.
...во 2014 сакам Скопје да не мисли дека точак е за сиромашни.
...Во 2014-та сакам Скопје (на точак) во кое постојано ќе расте бројот граѓани што користат точак како основно превозно средство.
...кое нема да прави да се чувствувам непожелно на улиците, туку ќе ми вели: вози слободно, од едниот до другиот крај на градот... има место и добри услови и за тебе.
...има повеќе возачи кои застануваат на пешачки.
...има едуцирани учесници во сообраќајот.
...има пешаци кои реагираат на овој звук (ѕвонче).
...како Амстердам што е Мека и Медина за велосипедистите.
...#SkNaTochak кое нема да прави да се чувствувам непожелно на улиците, туку ќе ми вели: вози слободно, има место и добри услови и за тебе.
...Во 2014-та сакам #SkNaTochak кое ќе има повеќе возачи кои застануваат на пешачки.
...Во 2014-та сакам да видам некој политичар #НаТочак како вози рано сабајле накај работа.
...Нема да оди во теретана да вози статичен точак, со кола.
...ќе им дава еднаква важност на сите тркала: автомобилски, велосипедски, од инвалидски колички.
...ќе знае да ги дисциплинира своите џелати.
...во кое нема да се крадат точаци и секој сопственик ќе си го најде својот украден точак.
...нема да ја бара вината за загадувањето во виши сили туку ќе преземе нешто.
...ќе има повеќе точаци од автомобили во сообраќајот.
...ќе дише слободно!

-------------------------------------------------------
Кои се твоите желби и идеи за Скопје? Пиши ни доколку сакаш да ги споделиш.
Следи нè будно на нашите социјални профили и блог за да бидеш известен за следните Критични маси и што се случува во Скопје на велосипедски план. 
Доколку сакаш да споделиш некоја вело - вест со нас или имаш желба да помогнеш за подобро вело - Скопје, можеш да ни пишеш и на нашиот e-mail: natochak@gmail.com.

17 December, 2013

Вело - резолуција 2014


отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми

Преку отворен повик:

[за градот]

Си задавате ли себеси предизвици за новата година?
Би му задале ли некој предизвик на градот и нашите сограѓани за 2014-та?

Сакаме да направиме Новогодишна резолуција од најинтересните желби и предизвици за себе и градот произлезени од точакољупската задница.

Па денес да почнеме од градот...

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе... (дополнете ја реченицата во коментари).


[за себе]

Да продолжиме со делот од резолуцијата посветен на себе.
Какви предизвици си задавате себеси за новата година, а се поврзани со точак? 

Како илустрација: можеби е некому предизвик да извози неколку илјади километри наредната година, но некому е и да почне да оди на работа со точак или да научи да вози точак... Некому - поревносно да реагира за проблемите со велосипедизмот, некому - сам да направи нешто...

Споделете во коментари 

Во 2014-та јас (на точак) ќе...

на социјалните мрежи Facebook (за градот и за себе) и Twitter (за градот и за себе), на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.

Она што го добивме како резултат е сумирано во 2 блог-поста:

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе... [линк]

Во 2014-та јас (на точак) ќе... [линк]