Што е критична маса?


Критична маса е возење точак! Се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град.

Критична маса нема раководство. Тоа е возење каде никој не е главен. Секој е одговорен за себе и за Масата.


Почетоци на Критична маса

Првото возење „Критична маса“ (КМ) било во септември 1992 година во Сан Франциско и во него учествувале 48 велосипедисти. Возењата добивале се поголема масовност од приближно 75% во однос на секој претходен месец. Така на почетокот од 1993 имало 500 велосипедисти и настанот станал добро познат помеѓу велосипедистите во градот, иако градските власти сеуште го немале регистрирано постоењето на возењата.

Неколку месеци подоцна, луѓе од други градови започнале да организираат Критични маси. Истата година, полицијата од Сан Франциско и градоначалникот ги забележале возењата и изнаоѓале начини како да се справат со нив. Во јуни 1997, новиот градоначалник испратил јавна критика до учесниците, што го мотивирало големото возење во јули 1997, што прераснало и во полициски немири.


Приказната зад името

Името „Критична маса“ е земено од документарниот филм за велосипедизмот на Тед Вајт (Ted White) „Return of the Scorcher” (1992)  - „Враќањето на велосипедот“ (Scorcher е сленг име за велосипед од 19 век). Во филмот, Џорџ Блис (George Bliss) опишува типична сцена во Кина, каде што велосипедисти не можат да поминат крстосници бидејќи има премногу автомобили, а нема семафори. Полека полека, се повеќе велосипедисти се собираат чекајќи да ја преминат крстосницата, и кога ќе има доволен број од нив, критична маса, како што Блис ја нарекува, благодарејќи на својата бројност тие можат да си го пробијат патот.


20-тина години подоцна

Денес критична маса се организира во над 300 градови во светот. Нема лидери, нема формална организација, само критична маса велосипедисти. Најмасовната КМ се одржала во Будимпешта, Унгарија во 2008 година, кога  учествувале 80.000 велосипедисти.

Вообичаено критична маса се одржува еднаш месечно, и тоа најчесто последниот петок во месецот.


Која е филозофијата? Какво изгледа возењето? Колкумина учествуваат?

Критична маса е различна од град до град од аспект на масовност, (не)почитување на сообраќајните правила, интеракција со возачите и интервенциите на полицијата. Така, ако сакате да дознаете повеќе за критична маса, треба да го проверите и локалното значење.


Како да започнам критична маса во мојот град?

За тоа постои посебна страна со упатство.


Повеќе за Критична маса

Страницата на Michael Bluejay.

Википедија

0 comments:

Post a Comment