Showing posts with label НаРаботаНаТочак. Show all posts
Showing posts with label НаРаботаНаТочак. Show all posts

23 September, 2014

ПРЕДИЗВИК: На работа, на точак (Скопје)

 
НаТочак се приклучува на регионалниот предизвик Bike to work / Biciklom na posao / На работа на точак.



Што значи тоа?
Од 22-ри септември до 1-ви октомври се предизвикуваме едни со други (и најважно себе, ако веќе не го правиме тоа) да пробаме седмица и пол да одиме на работа, на факултет, на школо и каде и да треба да стигнеме низ градот, на точак! 
Да видиме како изгледа секојдневниот живот кога точак ни е основно превозно средство.
Доколку веќе го користиш точакот секојдневно, сподели го своето досегашно искуство, може да ги мотивираш останатите.
Доколку знаеш нечија интересна приказна, сподели ја! 

Facebook-настанот нека послужи како место каде ќе ги споделиме искуствата: 
(прашањата служат за поттик)
-Како патуваше, со каков точак: градски или спортски, со каква облека и опрема? Имаш ли потреба од додатоци на точакот?
-Каква разлика почувствува? Како е да се патува на точак низ градот? Каква беше интеракцијата со околината?
-Споделување фотографии од искуството или некоја занимливост.

Исто така, можеш да ни пишеш во облик на коментар на овој блог-пост или да го користиш хаштагот за споделување: #НаРаботаНаТочак на социјалните медиуми.

Биди дел од предизвикот! 
Да ја шириме едноставната, а моќна идеја дека точак е превозно средство.
-----------------------------------
Регионалниот предизвик “Bike to work” (На работа на точак) е целосно непрофитен, спонтано договорен и афирмиран настан кој го поддржуваат организации од регионот: Srbija (Novosadska Biciklistička Inicijativa, UG Ulice za bicikliste, Niška saobraćajna unija, Vozi Ulice), Crna Gora (Biciklo.me), Makedonija (НаТочак), Slovenija (Ljubljanska kolesarska mreža), Hrvatska (Bike My Day), Bosna i Hercegovina (Centar za životnu sredinu / Center for Environment), Mađarska (Magyar Kerékpárosklub)

Поддржи го и ти! :)