Испратен новогодишен допис од НаТочак до градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. Го споделуваме во целост.
Објава на нашиот Facebook профил.
До
Градоначалникот на град Скопје
г. Коце Трајановски
Почитуван градоначалнику,
Неформалното здружение НаТочак од Скопје Ви ја честита новата година и Ви посакува многу успеси во 2015-та, бидејќи Вашите успеси влијаат директно на нашите животи.
Како група која делува на полето урбан велосипедизам, во продолжение ќе наведеме сублимиран неопходен минимум на услови кои еден град треба да ги обезбеди за да биде минимално достоен за користење велосипеди, особено ако има амбиции на одреден рок да прерасне и во велосипедски град. Имено, ги поздравуваме Вашите јавни декларативни заложби за развој на урбаниот велосипедизам и за прераснување на Скопје во велосипедски град. Во оваа заложба сме едногласни со Вас. Но, сакаме да укажеме дека велосипедски град е многу поамбициозен концепт кој подразбира приоритизирање на велосипедот како превозно средство, а во Скопје моментално не се задоволени ни минимални услови за негово користење.
Сакаме уште еднаш да ги повториме работите кои треба да се почитуваат за да имаме некаков базичен почеток во планот за прераснување на Скопје во велосипедски град. Не е доволно само да се асфалтира одредена површина за да се нарече велосипедска патека. Потребно е да се задоволат и следните услови на велосипедските патеки:
Како илустрација, во продолжение приложуваме неколку слики кои ја доловуваат состојбата со која секојдневно се соочуваме, кога се обидуваме да стигнеме од точка А до точка Б, во Скопје, на велосипед.
Како аналогија на овие велосипедски недоследности во нашиот град, повторно ќе се обидеме со слика да ви ја доловиме обратната ситуација, односно, како би изгледало кога велосипедистите би им го попречувале нормалното и континуирано движење на автомобилите, поточно кога би се паркирале на нивна коловозна лента.
Недопустливо, ќе се согласите?! Со ова секојдневно се соочуваат велосипедистите и го ризикуваат својот живот избегнувајќи ги овие неизбежни и насилно поставени пречки. Свесни сме дека промената нема да е едноставна и брза, но сакаме да нагласиме дека е неминовна и колку поскоро ја отпочнеме, толку порано ќе ги уживаме нејзините благодети.
Развој на велосипедскиот сообраќај мора да се случи, ако сакаме незагаден град, со здрави граѓани, без сообраќаен метеж и бучава, побезбедно и поквалитетно место за живот. За велосипедски град, потребна е стратегија која ќе овозможи да се стигне безбедно на велосипед од било која до било која точка во градот. За да стигнеме до таа цел во догледен рок, треба поинтензивно да работиме на подобрување на постоечката инфраструктура.
Пречките на постоечките велосипедски патеки кои ги набројуваме погоре можат и треба да се надминат во период од една година, а паралелно на тоа да се работи поширока велосипедска стратегија за Скопје, која ќе овозможи:
Урбаниот велосипедизам не е рекреација, а уште помалку спорт. Кога ќе почнеме да го перцепираме како рамноправен на останатите видови сообраќај, тогаш промената коренито ќе отпочне. Во меѓувреме, разговараме само за техничко, краткорочно закрпување на дупки, отстранување на контејнери и сезонско поправање на неисправни велосипеди на малкуте станици за изнајмување.
Веруваме во Вашите искрени заложби за долгорочен развој на урбаниот велосипедизам и Ве повикуваме слободно да ни се обратите доколку почувствувате потреба за реална повратна информација од терен. Ние сме секојдневно на нашите превозни средства и ги чувствуваме на своја кожа несоодветните и нефункционални услови. Не се откажуваме од овој вид сообраќај и покрај лошите актуелни услови, бидејќи сметаме дека е најсоодветниот за нас и за нашиот град.
Ви благодариме на вниманието, очекуваме и заслужуваме одговор и се надеваме дека наредната година ќе разговараме за многу посуштински и детални аспекти на урбаниот велосипедизам, наместо овие иницијални, примитивни проблеми кои конечно ќе ги оставиме во историјата.
Со почит,
НаТочак,
За подобро вело Скопје
Објава на нашиот Facebook профил.
До
Градоначалникот на град Скопје
г. Коце Трајановски
Почитуван градоначалнику,
Неформалното здружение НаТочак од Скопје Ви ја честита новата година и Ви посакува многу успеси во 2015-та, бидејќи Вашите успеси влијаат директно на нашите животи.
Како група која делува на полето урбан велосипедизам, во продолжение ќе наведеме сублимиран неопходен минимум на услови кои еден град треба да ги обезбеди за да биде минимално достоен за користење велосипеди, особено ако има амбиции на одреден рок да прерасне и во велосипедски град. Имено, ги поздравуваме Вашите јавни декларативни заложби за развој на урбаниот велосипедизам и за прераснување на Скопје во велосипедски град. Во оваа заложба сме едногласни со Вас. Но, сакаме да укажеме дека велосипедски град е многу поамбициозен концепт кој подразбира приоритизирање на велосипедот како превозно средство, а во Скопје моментално не се задоволени ни минимални услови за негово користење.
Сакаме уште еднаш да ги повториме работите кои треба да се почитуваат за да имаме некаков базичен почеток во планот за прераснување на Скопје во велосипедски град. Не е доволно само да се асфалтира одредена површина за да се нарече велосипедска патека. Потребно е да се задоволат и следните услови на велосипедските патеки:
- Подлогата да биде добро набиена, а асфалтот нивелиран (не брановиден)
- Да имаат стандардна широчина и боја
- Да имаат (не само на хартија) стандардна раздалеченост во однос на коловоз и јасна недвосмислена одделеност од пешачка патека
- Стандардна, јасна, видлива хоризонтална и вертикална сигнализација
- Да не се поставуваат автобуски постојки на велосипедска патека (ниту на пешачка,поради прелевање на проблемот)
- Да нема пречки на патеката (билборди, жардињери, контејнери, канти, сообраќајни и останати знаци, сообраќајни уреди, бандери, такси станици)
- Да се реши проблемот со нелегално паркирани возила на патеките
- Слеани рабници, поточно рампи, при влез/излез во/од секоја велосипедска патека
- Непрекинатост на велосипедските патеки
Како илустрација, во продолжение приложуваме неколку слики кои ја доловуваат состојбата со која секојдневно се соочуваме, кога се обидуваме да стигнеме од точка А до точка Б, во Скопје, на велосипед.
Пречки на сред велосипедска патека (знак, бандера) |
Руинирана подлога на велосипедска патека |
Паркирани возила на велосипедска патека (полициско комбе и такси возило) |
Пречки на велосипедска патека (електронски уред, автобуска постојка) |
(Фото од 31.12.2014г. 22.00ч. Рекорд, Центар, Скопје) |
Недопустливо, ќе се согласите?! Со ова секојдневно се соочуваат велосипедистите и го ризикуваат својот живот избегнувајќи ги овие неизбежни и насилно поставени пречки. Свесни сме дека промената нема да е едноставна и брза, но сакаме да нагласиме дека е неминовна и колку поскоро ја отпочнеме, толку порано ќе ги уживаме нејзините благодети.
Развој на велосипедскиот сообраќај мора да се случи, ако сакаме незагаден град, со здрави граѓани, без сообраќаен метеж и бучава, побезбедно и поквалитетно место за живот. За велосипедски град, потребна е стратегија која ќе овозможи да се стигне безбедно на велосипед од било која до било која точка во градот. За да стигнеме до таа цел во догледен рок, треба поинтензивно да работиме на подобрување на постоечката инфраструктура.
Пречките на постоечките велосипедски патеки кои ги набројуваме погоре можат и треба да се надминат во период од една година, а паралелно на тоа да се работи поширока велосипедска стратегија за Скопје, која ќе овозможи:
- Планирање на велосипедска мрежа од издвоени патеки и ленти на коловоз која ќе го опфати целиот град
- Воведување на зони 30 секаде каде што нема услови да се направат издвоени велосипедски патеки (во станбените населби)
- Продолжување на рекреативните патеки на Вардар и нивно интегрирање во велосипедската сообраќајна мрежа со поставување на повеќе пристапни рампи за влез/излез во/од нив, повеќе пешачко-велосипедски мостови и нивно поврзување со краци со останатите патеки
- Поставување на паркинзи за велосипеди пред сите јавни институции
- Отворање на нови станици за изнајмување велосипеди и одржување на постоечките станици со функционални велосипеди
- Мерки за стимулација на граѓаните да користат велосипед