Showing posts with label инфографик. Show all posts
Showing posts with label инфографик. Show all posts

25 February, 2018

Инфографик од анкетата: Украдени точаци 2018

Благодарност до сите точакољупци кои одговорија на анкетата за украдени точаци.
Во периодот од 19-ти до 23-февруари на онлајн анкета одговорија дури 2006 испитаници. Браво!

Некои од поинтересните резултати од примарната анализа ги издвоивме во инфографикот на линкот или во продолжение под текстот.
Дополнително, ќе направиме подетални анализи и целосниот извештај ќе го објавиме наскоро, ова е само најава. 

П.С. Не заборавајте на Критична маса #70 “Имаш сериозна врска?“ која е посветена токму на оваа тема. Се гледаме во среда на 28-ми февруари. 


27 February, 2014

Инфографик: Годишен извештај 2013 година НаТочак


Измина цела година, а нас веќе некои работи ни се матни. Не џабе рекле паметниот запишува, глупавиот памти. 

Овој  инфографик ја отсликува работата на НаТочак во изминатата 2013-та година. Целосен и детален извештај околу работата на НаТочак во изминатава година можете да прочитате овде.

(за поголема резолуција кликни тука)



Годишен извештај 2013 година НаТочак

Иницијативата НаТочак беше започната во април 2012-та година од страна на група ентизијасти - точакољупци со цел подигање на свеста за велосипедот како урбано превозно средство и негово издигање на ниво на рамноправен учесник во сообраќајот во Скопје. НаТочак е исклучиво самофинансирана иницијатива каде сите приходи доаѓаат од учесниците на Критична маса.  

Овој годишен извештај ја сумира работата на оваа неформална група граѓани која беше фокусирана на градење институционална соработка со цел подобрување на состојбата на велосипедската инфраструктура и поддршка во организирирањето на Критичната маса во Скопје. Годишниот извештај можете да го погледнете и во форма на инфографик тука.

Целосниот извештај можете да го погледнете и на следниов линк.

28 May, 2013

Инфографик од анкетата „Точакољупци, не' има ли доволно?“


Минатата година во октомври спроведовме онлајн-анкета преку која сакавме да ги испитаме ставовите на точакољупците за ситуацијата со велосипедскиот сообраќај во Скопје и нивниот однос кон неа. 
Ни одговорија и граѓани од други градови чии одговори се вклучени во делот за Македонија.

Дополнителното текстуално објаснување на анкетата и анализата на текстуалните одговори ќе ги објавиме кон крајот на неделава.
Очи во очи годишнината сакавме да ги покажеме резултатите барем преку инфографиков.
Во Скопје има се' повеќе луѓе на точак!
Погледнете што најмногу ги поттикнува да возат точак оние сограѓани кои возат и што ним, како на редовни учесници во сообраќајот на точак, најмногу им пречи во градот.
Исто и зошто не возат оние кои не возат, а кои би возеле кога условите би биле подобри.
За да се омасови уште повеќе возењето на точак, одговорните мора да се позанимаваат со решавање на тие проблеми. 
А нам ни претстои нова година со активности во кои ќе ги истакнуваме и популаризираме.
Се надеваме на поддршка голема како и досега!

Скопје на точак, големо да растеш!

Се гледаме на роденденската Критична маса #13 утре во најголем број досега!

Инфографикот во поголема резолуција- линк.

Инфографикот со сликовито прикажување на резултатите од анкетата го изработи Зоран Инадески, му благодариме!
Им благодариме и на списанието Лице в лице  за неговото објавување и поддршката.