23 May, 2025
ПРЕДЛОГ: АКЦИЈА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАРКИНЗИ НИЗ ОПШТИНИТЕ


31 January, 2022
Што планираат да преземат за безбедноста во сообраќајот 10-те скопски општини и Град Скопје?


За безбедноста во сообраќајот има многу фактори (едукација, инфраструктура, полиција, казнена политика судство итн.), но најважно е да не дојде до судар, најважна е превентивата и тоа онаа превентива која не зависи од тоа дали е совесен учесникот, дали има полицаец или дали работи камерата. Онаа превентива која работи во 100 % од времето - ИНФРАСТРУКТУРАТА. Токму затоа, од сите можни фактори, НаТочак ја има избрано за фокус на своето делување. Има многу мала поента да се прават кампањи и да се врши едукација за предност на пешаците, или за внимателно однесување на возачите во сообраќај, или за еднаква одговорност на сите учесници, кога општините и Град Скопје не го планирале внимателно просторот за ранливите учесници, кога тие ги оставаат на маргините. Затоа после редица сообраќајни судири и удари, денес се обративме до градоначалниците на 10-те скопски општини и на Град Скопје со прашање: Какви активности планираат за зголемување на безбедноста? ------------------------------
Почитуван(a) г. _____________,
Во контекст на трагичните настани кои се случија изминатиот месец на улиците во градот и резултираа со човечки жртви и кои ја кренаа и јавноста по прашањето за кое ние како иницијатива алармираме години наназад - (не)безбедноста на скопските улици и булевари за најранливите учесници, би сакале да Ве потсетиме дека локалната власт има голема моќ и улога да превенира и овозможи високо ниво на безбедност на граѓаните кои се дел од сообраќајниот систем.
Општините имаат речиси полна одговорност за превентивата во безбедноста во сообраќајот. Спротивно на популарното мислење дека едукацијата е врвот во превентивата, истражувањата покажуваат дека ниедна теорија не може да едуцира подобро од состојбата на терен. Иако теоријата (едукацијата) кажува дека пешаците имаат предност, кога општините ги третираат пешаците за најмалку важни при планирањето на улиците, логично така ќе ги третираат и возачите и со тоа безбедносниот систем е нарушен и теоријата го губи значењето. Состојбата на нашите улици праќа многу поголема порака од било какво убаво срочено правило и за жал, изминатиов месец тоа беше видливо на дело повеќе од кога било.
Ослободување, уредување и проширување на тротоари и воведување пешачки зони (Правото на слободно движење треба да биде гарантирано на сите. Не треба да се објаснува дека принудното движење на пешаците по коловоз ја загрозува нивната и безбедноста на сите);
Воведување велосипедски патеки/ленти (кое не е само добивање простор за велосипедски сообраќај, туку и смирување на брзините на возилата, скратени премини преку коловоз за пешаците итн., докажано влијае на безбедноста на сите, не само на велосипедистите);
Воведување на Зона 30, Зона 20 и физичко смирување на сообраќајот (со стеснување на ленти за автомобили, подигнати пешачки премини, шикани-искривувања на коловозот, микро-кружни текови и сл.).
- Допис до општините: Пешачки, велосипедски и безбедни општини 2021 (25.12.2020 год.): Пешачки, велосипедски и безбедни општини 2021 ~ На Точак (natochak.blogspot.com)
- Допис до сите политички партии по повод локалните избори: 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје 2025 (25.08.2021 год.) 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје 2025 ~ На Точак (natochak.blogspot.com)
- Обраќање од НаТочак до градоначалниците на скопските општини и Град Скопје (19.11.2021 год) : Обраќање од НаТочак до градоначалниците на скопските општини и Град Скопје ~ На Точак (natochak.blogspot.com)
28 December, 2017
Барање за средба со градоначалниците на скопските општини по повод буџетот и програмите за 2018-та година


Кон пораката беа прикачени 2 документи.
- Првиот документ - меморандумот кој НаТочак го потпиша со моменталниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов (тогаш кандидат) во кое една од заложбите е :
- Вториот документ - Барање за приклучување на општините кон проектот Скопје Вело Град. Содржината ја има на овој линк, како и после текстот од e-mail-от.
- Содржина на Е-mail испратен до:
Општина Центар, Општина Карпош, Општина Ѓорче Петров, Општина Сарај, Општина Кисела Вода, Општина Аеродром, Општина Чаир, Општина Гази Баба.
После тој допис, започна комуникацијата со Град Скопје и Општина Центар. Град Скопје го разви проектот Скопје вело-град (изградба и реконструкција на велосипедски патеки по текот на булеварите), а општина Центар започна со поставување велосипедски паркинзи, субвенционирање на велосипеди и воведување зона 30.
НаТочак Ви го честита стапувањето на функција и Ви посакува да ги реализирате
предизборните ветувања за поквалитетен живот на граѓаните во Вашата општина.
Убедени сме дека го делиме мислењето дека квалитетен живот во една општина значи, меѓу другото и: слобода на движење, безбедни и удобни услови за пешачење и возење велосипед.
Веруваме дека сте запознати дека поттикнувањето на користењето на велосипедот како превоз има и други позитивни ефекти по квалитетот на живот на граѓаните: поголема физичка активност меѓу населението (подобро здравје), помали сообраќајни гужви поради намаленото користење на автомобил, помала бучава, почист воздух, поголема безбедност,попријатни јавни простори.
Познато е дека дизајнот на градовите влијае на луѓето дали ќе користат автомобил и за кратки патувања или ќе пешачат и возат точак...
Оттаму, општините во рамки на своите надлежности за донесување детални урбанистички планови, како и сообраќајни решенија за споредните улици (кои не се во надлежност на Град Скопје) имаат моќ да влијаат на начинот на движење на луѓето и да им овозможат повеќе ипоздрави опции за движење низ градот.
Очекуваме да се приклучите кон визијата за Скопје вело-град и да овозможите и во рамки на вашата општина услови за безбедно и удобно возење точак како секојдневен превоз.
Град Скопје пред 2 години започна со изградба и реконструкција на велосипедските патеки по текот на булеварите. (линк)
Новиот градоначалник, Петре Шилегов, се обврза да го продолжи и унапреди тој проект. Со него предизборно потпишавме меморандум кој е во посебен прилог на e-mail-от.
Очекуваме и општините во рамки на своите надлежности и во заедничка координација со Градот и меѓу себе да ја прошират велосипедската мрежа со нови патеки и ленти на улиците во нивна надлежност, нови зони 30, велосипедски паркинзи.
При сите планирани реконструкции на улици да се води сметка да се применат современи безбедни решенија за ранливите учесници во сообраќајот.
Општина Карпош веќе најави дека има желба да се приклучи кон Скопје вело-град проектот (линк) и дека ќе намени дел од буџетот за велосипедски проекти (линк).
Се разбира, НаТочак дава предност на инфраструктурните пред промотивните активности.
Очекуваме и останатите општини да издвојат посебен буџет за 2018-та за активности на тој план.
Ви стоиме на располагање за средба и разговор на овие теми.
Со почит,
НаТочак
Скопје, 19.12.2017