09 October, 2026

Материјали од анализата за потенцијалниот план за БРТ 2026

 Загрижени од можноста со планот за БРТ од 2026 да бидат срушени велосиепдските патеки и ленти долж линијата на БРТ, направивме серкија визуелизации за просторот по изведбата на БРТ.


До сега Град Скопје нема објавено точно како ќе биде конечното решение. Нашата анализа се заснова на оваа фотографија од медиумот Призма, при интервју на градоначалникот Орце Георгиевски.





Според малкуте јавно достапни информации во облик на изјави, текст и една скица од медиумот Призма, бул. „Партизански Одреди“ во својот најширок дел од 50 м во Општина Карпош може или да остане без велосипедски патеки или да биде со супстандардни пешачки патеки на местото на омилените шеталишта. Тоа е недозволиво.





Во продолжение ги споделуваме анализите на некои од делниците: 



Напомена: Ова се очекуваните карактеристични попречни профили на само дел од делниците низ кои ќе минува БРТ. Тие се направени на база на објавеното идејно решение во 2021 год (и затоа тие се веројатно поточни), а за новото решение во 2026 год. на база на изјавите по медиуми и една концепт - слика објавена во еден медиум. Евентуални недостатоци во нив само ги потврдуваат нашите стравови за неочекуван развој на проектот кога не постои

идејно решение.

Ова се деловите од профилите каде минува БРТ каде булеварите се пошироки и каде нема БРТ станици. За БРТ станиците треба да има дополнително проширување на жардињерите до 4-5 м. Бидејќи се предвидени двојни станици, дури тие и наизменично да се појавуваат (што е лошо за трансфери), тоа значи дека во делови ќе има и дополнително одземање од пешачките и велосипедските површини од прикажаното.



Во најтесниот дел, пак, на бул. „Партизански одреди“ во Општина Центар (делот пред Архитектонски и Градежен факултет, пред ТЦ Буњаковец и пазарчето), пешачките и велосипедските капацитети се во моментов максимално искористени и на граница на функционалност. Нивно дополнително стеснувањеќе биде погубно за градскиот живот, и ниту пешаците, ниту велосипедите ќе можат нормално да се движат и разминуваат. Ова особено загрижува затоа што токму тој дел од градот има исклучително висок број на пешаци и велосипеди кој го користат секојдневно.


Профил од 60 метри како што е бул. „Јане Сандански“ дозволува различни решенија без да се изгубат постоечките квалитети, меѓутоа тоа не е случај со профилите од 30, 40, 50 метри на булеварите низ кои минува БРТ. Затоа концептот (која лента - лева, десна, средина; какви врати: леви, десни или двојни; какви станици - единечни или двојни; какви жардињери итн.) треба да почне од најслабите точки за да се направи најголема добивка за одржливоста, односно најмалку штета.


             
Патеката којва веќе ни е тесна и на која во шпицевите едвај се разминуваме и претекнуваме велосипеди, тротинети....со новиот концепт ќе бида ставена во исто така фреквентната пешачка патека.
Тоа не делува дека е мерка соодветна за Скопје Велоград.
А тоа го предвидува новиот концепт за БРТ.


ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ВЕЛО-ПАТЕКИТЕ НА ПАРТИЗАНСКА ВО КАРПОШ СО НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА БРТ?
Во ова видео илустрираме каква е просторната распределба за бул. Партизански одреди во Карпош сега, како би била според идејниот проект со кој го најавија БРТ во 2021, а како би била според новиот концепт, по последните изјави на градоначалникот на Град Скопје - Орце Ѓорѓиевски.


Бараме од Градот во тендерската документација да напомене дека мора да остане велосиепдската и пешачката инфраструктура во својата моментална ширина, со можност да се прошири на сметка на коловозот.

Повеќе за нашите барања на овој допис до Градот, пратен на 02.10.2026 - Предлози за унапредување и интегрирање на БРТ во системот на одржлив транспорт во Скопје







0 comments:

Post a Comment