30 September, 2012

Извештај од Критична маса #5

На школо и факултет со велосипед! беше темата на КМ#5 Скопје на Точак. Нешто помалку од 150 велосипедисти на 26.09.2012 ја извозија патеката од 10,5км, која обиколи многу средни училишта, факултети и библиотеки, а заврши пред ректоратот на УКИМ. Испративме и писмо до многу образовни институции во градот, а при возењето институциите со најмногу паркинг места за точаци ги охрабривме со аплауз.

Ние уживавме при возењето, се надеваме и вие. Ако не можевте во живо, барем преку следниве фотографии и видеа.


13 велосипеди на 1 паркинг место за автомобил
Моменти пред тргнување
Весело друштво

Не` има од сите возрасти

Моноциклистот со верниот пес во групата

Со тато на Критична Маса. Уште една потврда дека не` има од сите возрасти.

На семафор пред поликлиника Букурешт

Двете дами, Јана и Елена со тато. Забележети ги маичките - од напред плакатот од КМ4, од позади КМ5.

Еден од добро дизјнираните точаци.

Забавното show Тротоар направи многу добар прилог за Критична маса пред почетокот на КМ5.


А тука е нашиот Раде со неговите видеа директно од велосипедот.



Се надеваме ќе се гледаме секоја последна среда во месецот.

0 comments:

Post a Comment