Првата Критична маса во целосен мрак помина одлично! Над 70 точаци од стартот на плоштад Македонија, преку Саем, ПМФ, Автокоманда, Ново Лисиче до паркот со авионот во Аеродром.
Бевме бучни! Ѕвончиња, вувузели и сирени...Минувачите реагираа. Некои возачи н
è поздравуваа со свирење во ист ритам со вувузелите.
Бевме видливи! Бели светла напред, црвени позади, рефлектирачки површини на облеката.
Бевме умни! :-) Во една коловозна лента, одговорни за себе и за групата.
|
Почнуваме да се собираме |
|
Моменти пред тргнување |
|
Мал договор пред тргнување |
|
Кај кружните текови близу Саем |
|
Грабиме напред и уживаме |
|
За тие на кои им беше премногу ладно и темно да дојдат на КМ6: на ова мало девојче не му беше! :-) |
|
Повиците веројатно вродија со плод. Процентот на осветлени велосипедисти е значително подобрен во споредба со КМ6! |
|
Финишот во паркот во Аеродром |
Колекција од ѕвончиња и светла кои се појавија на КМ#6 има
тука.
Видео во близина на МОБ:
Споени кадри од рутата снимени од камерчето поставено на точакот од Раде:
Кревањето точаци на целта:
По сменетата слика со осветлени велосипеди, но и по реакциите на присутните на КМ6 и на оние кои не можеа да дојдат, а сепак биле мотивирани да си набават светла и/или ѕвончиња, можеме да заклучиме дека сите заедно имавме успешна мини-кампања.
Ви благодариме што добро ја примивте и раширивте пораката. Се работи за безбедноста на сите нас.
Кога ќе сретнете неосветлен велосипедист навечер, посочете му најдобронамерно да си постави светло. Темата не е затворена. :-)
Благодарност и до оние кои донираа. Во кутијата за донации се собраа 1363 денари кои ќе бидат употребени за промотивни материјали за Критична маса 7. Од нас за нас и за поубаво Скопје.
Се гледаме повторно последната среда и во ноември со нова тема!
До тогаш да ги искористиме убавите денови на есента за возење точак.
Ѕрн ѕрн!
0 comments:
Post a Comment