ПРЕДЛОГ-МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО КОЕ ПОТЕКНУВА ОД СООБРАЌАЈОТ
(предлог-мерките во .pdf формат се достапни тука)
Мерки на краток рок, во денови на екстремно
загадување
- Да се забрани моторизиран сообраќај во централното градско подрачје и во други делови од градот (каде ќе се процени дека забраната ќе има ефект врз демотивација на користењето на приватни возила) освен за јавен превоз и специјални возила (полиција, противпожарна, прва помош)
- Да се направи строг режим на достава на роба со товарни возила чие непочитување ќе се санкционира
- Да се забрани користењето на автомобили за стандард понизок од ЕУРО 4 и за возила со погон на дизел
- Да се возат автомобили на принципот пар-непар
- Да се преземат мерки кои би демотивирале превезување на еден човек во една кола или стимулативни мерки кои би мотивирале car-sharing (споделување на превоз)
- Да се има строг однос кон нелегално паркираните возила на пешачки и велосипедски патеки (паркирањето насекаде, „до врата“, „на 5 минути“ е еден од главните демотиватори на пешачењето и возењето велосипед кои се незагадувачки начини на транспорт)
- Да се воведе бесплатен јавен превоз
- Да се делат заштитни маски со соодветни стандарди кои штитат од PM 10 честичките
Долгорочни
мерки - здрав транспорт за здрави градови
- Поставување цели
за намалување на процентуалниот удел на автомобилскиот сообраќај од вкупниот
сообраќај и зголемување на одржливите типови сообраќај.
пример: велосипедскиот сообраќај да биде 10 % до 2020-та итн. - Креирање и постојано следење на индикатори за вело-сообраќајот и јавниот транспорт во рамките на Државниот завод за статистика за да може да се следат трендовите на ова поле
- Политики кои ќе ги фаворизираат незагадувачките и здравите начини на транспорт во сите нивоа на донесување одлуки, кај законодавна, извршна и локална власт. Од закони, стратегии, буџетирање, урбанистички планови, проекти, до изведба. Сите политики да ги стават на прво место: пешачењето, возењето велосипед и јавниот превоз
- Градовите, улиците, правилата, спроведувањето - сите да се планираат и реализираат така што патувањето со јавен превоз на било која дистанца и патувањето со велосипед на релации до 5,6 км ќе бидат побрзи од патувањето со автомобил со што би се мотивирала прераспределба
- Задолжително да се изготвуваат велосипедски и пешачки планови за сите градови во Републиката
- Да се зголемат буџетите определени за одржлив транспорт на државно и општинско ниво
- Да се воведе и унапредува јавен превоз со највисоки еко стандарди во сите поголеми градови на Републиката
- Да се зголемат еко-стандардите за увозот на возила
- Да се воведат системи за изнајмување велосипеди во сите поголеми градови
- Да се прошират пешачките зони во центрите на сите градови
- Наместо проширување на улици за автомобилски сообраќај, што привлекува нови возила, да се спроведат „улични диети“ *Улична диета значи намалување на бројот на ленти за возила на една улица или пак, задржување ист број на ленти за возила, но нивно стеснување. И во двата случаи вишокот простор се доделува на незагадувачкиот транспорт, со што и се зголемува безбедноста и се намалува загадувањето
- Нула
толеранција од полицијата за окупирање на пешачки, велосипедски и автобуски
ленти од страна на автомобили, што е и законски забрането.
*Толерирањето на ова незаконско однесување и неказнување = субвенционирање на загадувањето. Да се олесни спроведувањето на оваа одредба преку воведување на комунални редари - Да се воведе строг режим на достава на роба со товарни возила како редовна пракса. Во термините вон дозволеното да се поттикнува достава со карго-велосипеди
- Центарот за управување и контрола на сообраќајот да ги програмира семафорите со пешаците и велосипедистите како параметар, а не само возилата
- Да се воведе едукација за ефектот на сообраќајот во загадувањето и часови за возење велосипед како регуларен дел од наставата во основното и средното образование
- Да се воведат различни награди за вработените кои доаѓаат на работа со велосипед, пешки или со автобус
- Да се воведе Car-free Day на одреден временски период (еднаш неделно или барем еднаш месечно) во кој ќе се затворат главните градски артерии за автомобили, а улиците ќе им припаѓаат на граѓаните и здравите активности во текот на еден ден.
НаТочак – Скопје natochak@gmail.com
ТетовоНаТочак tetovonatocak@gmail.com
ГостиварНаТочак natocakgv@gmail.com
Битола НаТочак bitolanatocak@gmail.com
ПрилепНаТочак prilepnatochak@gmail.com
ШтипНаТочак stipnatocak@gmail.com
СтрумицаНаТочак strumicanatochak@gmail.com
ТетовоНаТочак tetovonatocak@gmail.com
ГостиварНаТочак natocakgv@gmail.com
Битола НаТочак bitolanatocak@gmail.com
ПрилепНаТочак prilepnatochak@gmail.com
ШтипНаТочак stipnatocak@gmail.com
СтрумицаНаТочак strumicanatochak@gmail.com
Писмото со објаснување на позадината на
овие барања го има на линкот: http://natochak.blogspot.mk/2015/12/blog-post.html
0 comments:
Post a Comment