Датум: среда, 30.03.2016
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: Парк на принцови
Коли на велосипедски и пешачки патеки, коли во трева, коли пред пристапни рампи. Коли пред влезови, коли на кеј, коли во паркови. Коли на кафе, коли на кино, коли дома, коли во диско, коли на бурек, коли во продавница, коли на пазар, коли до коли, коли над коли, коли во коли. Коли насекаде!
Добро, може малку претеравме, ама ова е сликата за Скопје. Сликата за Скопје не се прекрасни шеталишта, не се пространи пешачки зони. Не е проодна велосипедска мрежа, не е пристапност за лицата со попреченост. Не е град пријателски за деца.
Сликата за Скопје е еден паркинг без крај кој поклопува сè друго. Кој ги прави локациите непристапни за прва помош. Кој ги прави луѓето со оштетен вид апсолутно зависни од други луѓе. Кој ги приморува лицата во количка да останат дома поради непроодни патеки. Кој ги принудува луѓето со детски колички да се симнуваат на коловоз и да се движат во трета лента на булевари. Кој ги става во небезбедни ситуација оние кои возат точак со ненадејно отворање на врата (dooring), затоа што одеднаш тоа место прераснало во „паркинг“.
Ова ли е најдоброто што можеме од нашиот град?
Жители на Скопје нè има секакви: оние што се движиме пеш, оние што возиме точаци, оние кои сме во инвалидска количка, оние што возиме автомобили. Сите ја делиме истата потреба – потребата да се движиме слободно и без ограничувања.
Зарем сите не сме првенствено пешаци?
Дали Скопје е град каде луѓето се движат слободно без пречки, каде се почитува намената на просторот или Скопје е еден огромен паркинг каде секој паркира каде му текне?
Драги сограѓани, да бидеме сојузници во оваа борба за побезбеден град, град во кој ќе можеш ти, твоите деца, твоите пријатели да се движат слободно и релаксирано.
Да ги превртиме парадигмите!
Да ја превртиме сликата.
Луѓето на прво место, колите потоа! Не обратно.
Можеме поинаку. Треба поинаку.
Скопје е град, не паркинг!
*Да помислиме пред да го паркираме автомобилот, дали претставува препрека за некој.
-------------------------- -------------------------- -------------------------- -------------
НаТочак ќе испрати допис до надлежните институции (МВР, РСБСП, Град Скопје и скопските општини) со кој ќе го адресира проблемот и ќе повика на делување.
Скопје, ни треба поддршка!
Дојди на следната Критична маса во среда, 17.30 часот на Плоштад Македонија.
Возиме по следнава рута:
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: Парк на принцови
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: линк

Постерот за КМ 47 |
Добро, може малку претеравме, ама ова е сликата за Скопје. Сликата за Скопје не се прекрасни шеталишта, не се пространи пешачки зони. Не е проодна велосипедска мрежа, не е пристапност за лицата со попреченост. Не е град пријателски за деца.
Сликата за Скопје е еден паркинг без крај кој поклопува сè друго. Кој ги прави локациите непристапни за прва помош. Кој ги прави луѓето со оштетен вид апсолутно зависни од други луѓе. Кој ги приморува лицата во количка да останат дома поради непроодни патеки. Кој ги принудува луѓето со детски колички да се симнуваат на коловоз и да се движат во трета лента на булевари. Кој ги става во небезбедни ситуација оние кои возат точак со ненадејно отворање на врата (dooring), затоа што одеднаш тоа место прераснало во „паркинг“.
Ова ли е најдоброто што можеме од нашиот град?
Жители на Скопје нè има секакви: оние што се движиме пеш, оние што возиме точаци, оние кои сме во инвалидска количка, оние што возиме автомобили. Сите ја делиме истата потреба – потребата да се движиме слободно и без ограничувања.
Зарем сите не сме првенствено пешаци?
Дали Скопје е град каде луѓето се движат слободно без пречки, каде се почитува намената на просторот или Скопје е еден огромен паркинг каде секој паркира каде му текне?
Драги сограѓани, да бидеме сојузници во оваа борба за побезбеден град, град во кој ќе можеш ти, твоите деца, твоите пријатели да се движат слободно и релаксирано.
Да ги превртиме парадигмите!
Да ја превртиме сликата.
Луѓето на прво место, колите потоа! Не обратно.
Можеме поинаку. Треба поинаку.
Скопје е град, не паркинг!
*Да помислиме пред да го паркираме автомобилот, дали претставува препрека за некој.
--------------------------
НаТочак ќе испрати допис до надлежните институции (МВР, РСБСП, Град Скопје и скопските општини) со кој ќе го адресира проблемот и ќе повика на делување.
Скопје, ни треба поддршка!
Дојди на следната Критична маса во среда, 17.30 часот на Плоштад Македонија.
Возиме по следнава рута:
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 46 пати возеа масовно по скопските улици, на 46 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 47-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
Да ги освоиме по 47-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
0 comments:
Post a Comment