Датум: среда, 28.09.2016
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: Парк Фредерик Шопен
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: Парк Фредерик Шопен
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: линк
---------------------------------------------------------------------
Затоа, потребна ни е промена на парадигмите!
Потребна ни е промена на политиките!
Автоцентричното планирање не го решава проблемот на мобилноста, само привлекува нови коли и за најкратки дистанци, затоа што другите начини на превоз ги прави небезбедни, непријатни, невозможни…
Драго Скопје,
Со политики свесни,
Доколку ја поддржувате оваа идеја за поинаков пристап во сообраќајното планирање, придружете ни се на Критична маса #53.
Се гледаме на точак!
Ѕрн-ѕрн!
Се гледаме на Критична маса!
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: линк
---------------------------------------------------------------------
Постерот за КМ 53 |
Улиците не биле вакви какви што се отсекогаш. Заборавивме дека пред само 20-ина години беше безбедно да се игра топка на улица… Да се оди пешки на школо…
Дека до 70-тите нашите родители и нивните родители голем дел од работите ги завршувале со точак…И лете и зиме…
Со продирањето на автомобилската индустрија, се наметна сликата дека за превоз мора да се користи кола, а точак како превоз е само за сиромашни… Може детето дури е мало да си игра со точачето и кога ќе порасне спортски да вози точак по планини…. Но за неколку продукти од продавница, мора да се запали кола и да се блокираат тротоари… Можеби немаш да си дозволиш повеќе, но ете, за кола мораш, оти сите така патуваат… Можеби воздухов ни е за никаде, а на тоа многу влијае сообраќајот, но ете, мораш, оти сите така патуваат, оти градот за тоа гради, оти нема полиција да ги казни колите кои им блокираат патеки на точаците, оти нема да те казни ни тебе ако тркнеш „само на 5 минути“... Зашто живееме во општество каде колата е побитна од човекот. Зашто мобилноста се изедначува со автомобил. Зашто голем дел од самите сообраќајни инженери и урбани планери размислуваат низ призмата на што повеќе коли, а не што повеќе луѓе на улицата… Резултатот? Шетањето низ Скопје е мачење место уживање од возила испопаркирани насекаде. Децата не можат да одат сами на училиште… Возењето велосипед е како слалом… И самите возачи на коли се нервозни во вакво опкружување…Небезбедност, загадување, влошено здравје… (поради намалување на движењето, загадување и бука)...
Затоа, потребна ни е промена на парадигмите!
Потребна ни е промена на политиките!
Автоцентричното планирање не го решава проблемот на мобилноста, само привлекува нови коли и за најкратки дистанци, затоа што другите начини на превоз ги прави небезбедни, непријатни, невозможни…
Досега се прибегнуваше кон одземање простор од пешаците, велосипедите, зеленилото за да се добијат што повеќе и што пошироки ленти за коли. Добивме автопати место градски улици… Сигурно можете да наброите повеќе примери низ градов… Климент Охридски е само еден илустративен пример од многуте… Овој пристап во планирањето е карактеристичен за речиси сите градови после Втората светска војна, но веќе е застарен, веќе се согледуваат неговите недостатоци и полека се напушта.
Потребно ни е планирање со фокус на луѓето!
Како ќе добиеме поквалитетна животна средина? Како ќе добиеме повибрантен град со поживи поатрактивни јавни простори? Како ќе го подобриме квалитет на воздухот? Како ќе ја зголемиме безбедноста кај сите учесници во сообраќајот и чувството на комоција особено на пешаците, на велосипедистите, на луѓето во инвалидски колички, на најмладите, на повозрасните? И на крајот, како ќе ги решиме сообраќајните проблеми, како ќе превезем повеќе луѓе? Со каков дизајн на улици? Со какви политики? Со сите во кола и со паркирање кој каде му текне, сигурно -не.
Градовите во кои луѓето најмногу уживаат да престојуваат и живеат и градовите кои го скротиле сообраќајниот хаос се градови кои пристапиле кон еден обратен процес во планирањето. Road diets. Lane diets.

На возилата - неопходниот минимум (не мора целосно да се откажеме, но треба да ги користиме порационално), а предност на пешаците, велосипедите, јавниот превоз.
Потесни ленти за возила со паметен дизајн може да значат дека просечната брзина на возилата воопшто нема да се намали, туку само ќе ги снема пиковите: забрзувањата и кочењата, она најопасното. Потесни ленти за возила ќе значат пошироки тротоари за комотно шетање во друштво (не во колона еден по еден!), ќе значат велосипедски патеки онаму каде што ни велат дека „нема услови“, ќе значат специјално место за побрз јавен превоз, ќе значат место и за зеленило, а понекаде и за паркинг…
Решението е пред нас.

коловози стесни.
Смири возачи бесни,
пешаци и точаци смести.
Доколку ја поддржувате оваа идеја за поинаков пристап во сообраќајното планирање, придружете ни се на Критична маса #53.
Се гледаме на точак!
Ѕрн-ѕрн!
Се гледаме на Критична маса!
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 52 пати возеа масовно по скопските улици, на 52 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 53-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
Да ги освоиме по 53-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
0 comments:
Post a Comment