После вчерашното забележување на измени во дизајнот на крстосниците на бул. Партизански Oдреди, утрово НаТочак испрати допис со мислење за овие измени до надлежните од Град Скопје. Дописот го има на линкот како документ или во продолжение на блог-постот како текст.
Крстосницата со Рузвелтова и останатите 4 улици со овие измени ќе се претворат од крстосница со 3 ленти во една насока и релативно широк пешачки остров:
Крстосницата со Рузвелтова и останатите 4 улици со овие измени ќе се претворат од крстосница со 3 ленти во една насока и релативно широк пешачки остров:
во крстосници налик на онаа со бул. 8-ми Септември, со 4 ленти во една насока и претесен пешачки остров.
-----------------------
Почитувани,
Почитувани,
Би сакале да изреагираме за промените кои деновиве се случуваат во дизајнот на некои крстосници на бул. Партизански Одреди.
Сметаме дека од повеќе причини овие промени се автоцентрични и не се во насока на заложбите за вело-град.
Но сметаме и на тоа дека го делиме ставот дека концептот за вело-град значи многу повеќе од реконструкција на велосипедски патеки. Значи: повисоко ниво на безбедност на ранливите учесници во сообраќајот, намалување на приоритотет на автомобилите, смирување на брзините во градска средина итн. Оттаму очекуваме дека ќе бидат разгледани нашите аргументи.
Но сметаме и на тоа дека го делиме ставот дека концептот за вело-град значи многу повеќе од реконструкција на велосипедски патеки. Значи: повисоко ниво на безбедност на ранливите учесници во сообраќајот, намалување на приоритотет на автомобилите, смирување на брзините во градска средина итн. Оттаму очекуваме дека ќе бидат разгледани нашите аргументи.
Како што разбравме од веб сајтот на Град Скопје (линк до веста) и од официјалните профили на социјалните медиуми, на 5 крстосници на Партизанска: со Рузвелтова, Бледски Договор, Љубљанска, Никола Парапунов и Ангел Динев до мостот Влајко се планира проширување на автомобилскиот простор на сметка на централното зеленило во зоната пред крстосниците со што ќе се добие дополнителна лента за вртење во лево.
Сметаме дека во Скопје не ни треба дополнителен автомобилски простор, напротив, ни треба простор за пешачки, велосипедски, автобуски сообраќај и зеленило.
Оваа интервенција ќе предизвика неколку негативни последици кои ги гледаме кај крстосниците во Скопје кои веќе имаат слични решенија:
- наместо претходното преминување преку 3 + 3 ленти, сега пешаците и велосипедистите ќе треба да преминуваат преку 3 + 4 ленти, преминувањето улица ќе трае подолго време, што значи поголема изложеност на опасност и демотивација за овие начини на движење низ градот.
- наместо досегашниот широк остров за чекање на семафор на средина на булеварот Партизански Одреди, ќе се добие тесен остров како на крстосницата на бул. Климент Охридски со бул. Партизански Одреди (Соборен храм)или бул. Крсте Петков Мисирков со бул. Гоце Делчев (Мавровка), нешто што уште повеќе ги маргинализира велосипедистите и пешаците. Ќе се намали просторот кој ја гарантира безбедноста и комоцијата на пешаците и велосипедистите кои чекаат на семафор на средина на булеварот. Имајте предвид дека на овие острови треба да чекаат велосипеди кои се движат во двете насоки, а велосипедите имаат должина која не смее да излезе од островот, нешто што веќе се случува на посочените места со лоши решенија и ја намалува комоцијата на сите учесници во сообраќајот.
- специјалното престројување во лево, а овозможување на 3 чисти ленти за движење право ќе ја зголеми брзината на возилата кои се движат право. Партизански Одреди е булевар на кој веќе се вози пребрзо и многумина настрадуваат од пребрзото возење. Ваквата интервенција ќе го намали чувството на безбедност, а тоа е исто така демотиватор на користење точак или пешачење.
- ќе се уништат израснати садници, a секое зеленило особено во околина на булеварскиот асфалт влијае благопријатно на снижување на температурите и е од суштинско значење за пешаците и велосипедистите и треба да се заштити, да се зголемува, место да се намалува.
Градските средини кои тежнеат кон поголема безбедност на своите граѓани преземаат мерки кои го успоруваат автомобилското движење. Тоа често подразбира и укинување на специјалните ленти за вртење во десно и лево и зголемување на пешачките пјацети и острови. Проширување на медијаните (пешачки острови), стеснување на автомобилските ленти, скратување на пешачките дистанци се едни од најчесто применуваните инфраструктурни мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Со вакви измени Њујорк драстично го намали бројот на жртви на улиците.
Со спротивни мерки може да очекуваме во Скопје само да се зголеми.
Доколку е неопходна специјална лента за вртење во лево без движење право, најдобро е во тоа да се преобрази со соодветни ознаки постоечката најлева лента, без дополнителни проширувања на автомобилскиот простор кои би ги имале негативните последици набројани погоре. Како во примерот од Adam Clayton Powell булеварот во Њујорк прикажан на сликата во прилог:
Да учиме од туѓите искуства и да не ги повторуваме туѓите грешки, да се движиме напред, а не назад со дизајнот на улиците, да применуваме дизајн кој овозможува поголема безбедност во сообраќајот и повисок квалитет на живот, а не дизајн за поголема автомобилска брзина.
Во Скопје ни треба успорување, а не убрзување на автомобилскиот сообраќај.
Во Скопје ни треба мотивирање на пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавен превоз, не ни треба дополнителен стимул за користењето на автомобили.
Со почит,
НаТочак
Во Скопје ни треба успорување, а не убрзување на автомобилскиот сообраќај.
Во Скопје ни треба мотивирање на пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавен превоз, не ни треба дополнителен стимул за користењето на автомобили.
Со почит,
НаТочак
0 comments:
Post a Comment