Овој текст зад кој застанаа над 200 граѓани со своите потписи на денешниот собир „Улицата е за живеење, а не за сообраќајно дивеење“ ќе биде доставен до Град Скопје, Општина Ѓорче Петров и Министерство за транспорт и врски (поради евентуалната потреба од промена на законски решенија).
--------------------------
Ние, жителите на ул. Борис Сарафов (поранешна ул.4-ти Јули) и нивните сограѓани од општина Ѓорче Петров и Скопје, бараме да се подигне нивото на безбедност во сообраќајот и квалитетот на живот на ул. Борис Сарафов.

Опис на ситуацијата
Ул. Борис Сарафов во источната половина беше проширена и стана “булевар“ со 4 ленти. Вака изведената улица иако пропишува 50 km/h (брзина при која треба да се издвојат и пешачкиот и велосипедскиот сообраќај) нема решение за издвоен велосипедски сообраќај, а тротоарите (местата за пешачки сообраќај) се често со премали димензии (на некои места дури и целосно отсуствува тротоар) или се окупирани со возила.
Улицата е речиси исклучиво користена само во централните 2 ленти што им дава на возачите чувство на просторна комоција (наместо на нацртаните 2.8 метри добиваат чувство како да ги имаат на располагање и крајните 2 ленти и како да се на автопат).
Во западната половина од улицата пак, има друг проблем. Коловозот има 2 коловозни ленти широки 4.5 метри кои се пошироки од било кој булевар во Скопје (3-3.5 метри), а има тесни тротоари или пак воопшто ги нема. Луѓето се приморани да пешачат на коловоз покрај возила кои се движат со голема брзина која го надминува градскиот лимит од 50 km/h, да не зборуваме за маалскиот (30 km/h). Практично како домовите да излегуваат на автопат.

Улицата Борис Сарафов како брза улица, без семафори, а со просторна комоција за автомобили е користена како транзитна од автомобилски сообраќај во насока од/кон Тетово, од тешки товарни возила итн. Истовремено таа ги нема неопходните услови за тоа да го обезбеди (издвоени пешачки и велосипедски патеки по цела должина, заштитно зеленило) и затоа треба да се третира како улица од резиденцијален карактер.
На улицата директно излегуваат станбени куќи. Жителите се жртви на високо ниво на бучава, непријатни ситуации, материјална штета од сообраќајни судири директно во нивните огради и фасади, како и ризик по сопствениот живот. Правото на движење како пешаци е исто така нарушено. На улицата се наоѓаат и 2 училишта (од кои до едното, ОУ Ѓорче Петров, не е обезбеден ни тротоар) на чиишто ученици не им е обезбеден безбеден пристап до/од школото.
Квалитетот на живот е нарушен не само поради небезбедноста и бучавата, туку и од неможноста за прошетки со бебешки колички, неможноста за пешачење особено на најранливите категории: деца, постари лица и лица со инвалидитет, како и лишеноста на сите жители од социјални контакти, од правилен развој на децата и здраво живеење на сите.
Во источниот дел: улицата се прошири на 4 ленти, но за возење се користат само средните 2. По тротоарите се паркирани возила, а пешаците се движат на улица, во крајните ленти за возила. |
Близу ОУ Мирче Ацев: пешачкиот премин од училиштето (десна страна) води кон тротоар кој не задоволува ни минимум стандарди |
Западен дел од улицата: има простор за 3 ленти за возила по 3m или 2 ленти по 4.5 m во еден сегмент, а “нема“ простор за велосипедски ленти и тротоари... |
Барања
-Да се изработи целосно
нов сообраќаен проект за улицата кој ќе го земе предвид квалитетот на живот на
луѓето и различните начини на движење (пешки и со велосипед), а не само
автомобилот. Животот да се стави на прво место пред брзината
-Најважно е да се обезбеди тротоар чијашто димензија не смее да падне под одреден минимум, на двете страни, по целата должина на улицата

-Да се разгледа можноста
за воведување на велосипедски ленти на ниво на коловоз
-Да се реши проблемот со паркирање на возила на тротоари
-Да се намали брзината на возила со инфраструктурни решенија, а не само со сообраќајни знаци и ситни интервенции кои немаат значителен ефект:
-со стеснување на коловозните ленти онаму каде што се пошироки од соодветната ширина за посакуваното брзинско ограничување
-со искривување на текот на коловозот (со алтернирачко, де на една де на друга страна поставување на зеленило, алтернирачки паралелен паркинг, места за контејнери итн), со шикани

-со подигнати пешачки премини во околина
на школите
-со подигнати крстосници при вкрстување со попречни улици

-Да се обновува редовно
сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација
-----------------------
Примери за инфраструктурни решенија кои реално го успоруваат сообраќајот на следниот линк.

0 comments:
Post a Comment