Драги точакољупци и точакољупци
Од се срце ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што постојано сте тука во борбата за подобро ВелоСкопје. Во новата година ви посакуваме да бидете што помалце во автомобил, да регрутирате другарче да проба да го смени автомобилскиот превоз во велосипедски, да бидете живи здрави и весели, да ја чувате животната средина и да бидете уште погласни во барањата за инфраструктурни и сообраќајни промени.
На градските власти им посакуваме да ни ги тргнат сите контејнери, билборди, знаци, бандери и останати пречки од велосипедските патеки и многу подинамична година во смисол на реконструирање и трасирање нови вело рути, бидејќи град со контејнери на велосипедските патеки не може да се нарече ВелоГрад. Или ќе ги тргнете, или нема да сме ВелоГрад. Одберете кое. Одлуката е ваша.
Во 2020 да педламе заедно кон едно поубаво, посмирено, поинтегрирано и повелосипедско Скопје.
Имајте среќни празници!
Ваш
НаТочак

0 comments:
Post a Comment