После забелeжаната фотографија на off.net.mk и реакциите кои ги добивме од повеќе сограѓани велосипедисти, испративме пријава до надлежните институции во врска со несоодветно користење на патеката на кејот. Ова не е првпат да се користи патеката на кејот со моторни возила, но е првпат да забележиме толку тешко возило.
Текстот од пријавата го има во продолжение, а како документ на линкот.
----------------------------------
До: Град Скопје
г. Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје,
Општина Аеродром
г. Ивица Коневски, Градоначалник на Општина Аеродром
Општина Карпош
г. Стевче Јакимовски, Градоначалник на Општина Карпош
Предмет: Пријава на инфраструктурен проблем: Возила на спортско-рекреативната
патека на кејот на Вардар
ПРИЈАВА
Почитувани г. Трајановски, г. Коневски и г. Јакимовски,
На ден 30.03.2017 год. пријавуваме проблем поради присуство на возила на спортско-рекреативната патека на десната страна на кејот на реката Вардар.
Веќе подолго време можат да се сретнат моторни возила кои сообраќаат на патеката која е наменета за спортисти и рекреативци, а истата ја користат и луѓе кои со немоторни превозни средства се движат по неа за да ги избегнат сообраќајниците и градскиот метеж. Овие возила очигледно влегуваат на патеката бидејќи недостасуваат пречки во форма на столпчиња на влезовите на патеката.
Возилата освен што ја загрозуваат безбедноста на спортистите и рекреативците придонесуваат и на уништувањето на патеката со нивната повеќе тонска килажа.
Во прилог фотографија од камион на патеката во Аеродром (следната страна).
За нас, а веруваме и за вас како промотори на урбаниот велосипедизам, оваа појава е
неприфатлива.
Ве молиме за најитно решавање на овој проблем, за да се овозможи безбедно движење во најкраток можен временски рок.
Со почит,
Неформална група на велосипедисти
НаТочак
natochak@gmail.com
30.03.2017
Скопје
*Овој документ е испратен во електронска форма до сите три општини

фотографија од off.net.mk |