24 July, 2016

Критична маса #51: Одвози и уживај!

Датум: среда, 27.07.2016
Почет
ок: 19:00, Паркот на Езерата во Аеродром
Крај: Пикник во парк шума Гази Баба

---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк

постерлинк
Руталинк



Постерот за КМ51

Скопско лето, тешко дишеш и возиш по жешкиот асфалт... Се мешаат бои, контури и мириси... Менуваш правец и бегаш некаде! Сам со себе, сам со точакот, па има ли поубаво? Одвози на викенд, одвози на Матка, на Водно после работа, одвози до парк, покрај Вардар…
А со следната Критична Маса да одвозиме заедно на пикник во Парк Шума Гази Баба!

Го славиме возењето точак како безболен по природата начин на превоз и како начин на откривање на градот! Со точак можеш да бираш разни патеки и „станици“ за одмор. 
Луѓето кои се на точак, од поблиску го познаваат градот!
Оваа Критична маса малку ќе здивнеме од критички теми, самата рута е доволна критика сама по себе. Кога ќе ја возиме помислете на луѓето кои живеат и работат во овие делови на Скопје, како патуваат со точак?

Фокусот ќе го ставиме на уживањето во летната квечерина на точак.
На Критична маса бр. 51 да заземеме повторно една лента од улиците и да се чувствуваме добро, на час! Барем кога сме во голема група е покомотно. Тоа чувство сакаме да победи, креаторите на градските политики да го вградат во идните проекти, сакаме градот да е комотен, безбеден и опуштен за секој граѓанин на точак секој ден на секоја улица! Да немаме своја лента само во еден час месецот во текот на КМ, туку и цело време! Со Критична маса сонуваме и привремено креираме нова стварност. Таа привремена стварност еден ден ќе стане трајна преку попрогресивни градски политики.
Дојдете на летно возење и облечете најлелеава летна лесна облека. Спремете си ќебенце или чергиче за на пикник, пиво, сок, овошје, грицки.

Јавните простори не се за да проструиш со кола низ нив, јавните простори се за да се дружиме, да комуницираме, да уживаме во градот. Притоа да не заборавиме да ја почитуваме природата и еден со друг.
Да оставиме сè како што сме нашле, па и почисто, по можност :)

Градот е наш. Да го направиме поубаво место за живеење.
Возејќи точак и ценејќи ги парковите.
Одвози и уживај!


Twitter: @natochak, #НаТочак
Блог: http://natochak.blogspot.com/
FB: https://www.facebook.com/NaTochak/
Инстаграм: http://instagram.com/natochak
e-mail: natochak@gmail.com


Ќе возиме по следнава рута:


*** Секој учесник вози на своја одговорност. 
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.



Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 49 пати возеа масовно по скопските улици, на 49 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 50-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------

0 comments:

Post a Comment