Датум: 22.09.2018 (сабота)
Место: низ улиците на Скопје
Facebook настан: линк
-------------------------------
На 22-ри септември (сабота) да се приклучиме на прославата на Светскиот Ден без автомобили.
https://en.wikipedia.org/wiki/Car-Free_Days
Овој ден го слави движењето пешки, со велосипед, со тротинет, со јавен превоз... на било каков одржлив начин, само не со автомобил. Идејата на Денот е да ни даде претстава како би изгледале нашите соседства со помалку автомобили.
Над 1500 градови во светот:
-и во развиени и во земји во развој
-градови со развиена велосипедска култура и градови со велосипедска култура во развој
-градови со развиен јавен транспорт и градови што немаат, но сакаат да имаат развиен јавен транспорт
-градови со пешачки зони и градови без пешачки зони
ќе ги поттикнат своите граѓани овој ден да ги остават автомобилите. За тоа да го направат, некои главни градски артерии ќе ги затворат за автомобислки сообраќај, а ќе ги отворат за луѓето: ќе организираат настани кои ќе ги привлечат луѓето да излезат на улица.
Со августовската Критична маса Од ден без автомобили до град за луѓе ги повикавме Градот Скопје и скопските општини да се приклучат на Денот без автомобили со свои повици, со барем една улица во своја надлежност која на овој ден поинаку ќе функционира.
Во овој Facebook настан ќе споделуваме информации за општините кои ќе се приклучат, улиците кои ќе бидат затворени за автомобилски сообраќај во Скопје, а отворени за луѓето, како и различни поттикнувачки примери од светот.
Да си го доживееме градот во поинакво светло!
На улиците да се возат точаци, тротинети, децата да ги играат заборавените детски улични игри, возрасните да шетаат, џогираат, вежбаат, уживаат. Можности има многу.
Раширете глас: овој 22-ри септември, што повеќе граѓани да се движат без автомобил!
---------
Став за Денот без автомобили 2016: https://natochak.blogspot.com/2016/09/blog-post.html
Барање до општините, август 2018: http://natochak.blogspot.com/2018/08/car-free-day.html
Потсетување за Денот без автомобили, септември 2018: https://natochak.blogspot.com/2018/09/22-2018.html

0 comments:
Post a Comment