Во саботата, на 10-ти ноември, се одржа 5-тата по ред Детска Критична маса со наслов “Орце на Орце“. Објавата на настанот ја има на линкот и во Facebook настанот, а целиот албум со фотографии, тука.
Благодарноста до сите кои помогнаа ја изразивме тука.
Благодарноста до сите кои помогнаа ја изразивме тука.
Десетици деца и нивните родители имаа ретка можност безбедно да возат точак по улиците низ Дебар Маало и во околината.
Кога се собиравме на почетната точка и кога ги прашавме децата дали се чувствуваат безбедно секојдневно на улица, ни рекоа дека не. А кога ги прашавме дали се чувствуваат безбедно денес и тука, ни рекоа:
-Дааа!
-Зошто?
-Зашто нема коли и зашто има полиција.
-Зошто?
-Зашто нема коли и зашто има полиција.
Претпоставуваме не е убаво чувството да се биде одговорен градоначалник, советник, вработен во полиција или градска администрација во град во кој децата не се чувствуваат безбедно во секојдневието, во кој безбедноста во сообраќајот е последна на листата на приоритети, а активното детско движење е неважно во споредба со комоцијата на автомобилите.
Да го промениме тоа!
Зошто општините да не ги отворат улиците барем еднаш месечно за безбедна и слободна детска игра?
Зошто да не обезбедат безбеден сообраќај, слободни тротоари и слободни велосипедски патеки за децата низ целиот град, за користење секој ден?
Во текот на возењето често запиравме на некои точки. Дискутиравме со децата за она што го гледаме во околината и ги прашувавме дали ги познаваат сообраќајните знаци и правилата во сообраќајот. Одлично ги познаваа! Многу повеќе од сите возрасни паркирани на тротоари и од службите кои исцртале “легални“ паркинг места врз јавните површини по кои овие деца треба да пешачат и да го искусуваат за првпат овој град!
Свесни ли се одговорните дека ваквата состојба во сообраќајот во која доминира автомобилот над правото на безбедно движење на луѓето, ги држи децата затворени дома и ги прави целосно зависни од родителите во движењето? А особено децата и лицата со атипичен развој, со пречки во видот, слухот и движењето, лицата кои се движат со помош на колички? И градот место сцена за толку важните прошетки за сите нив и за бебињата во бебешките колички, станува огромна кочница во детскиот развој, во движењето и социјализацијата? Скопје, тоа сакаш ли да бидеш? Град пријателски за деца или град кочница за нормален детски развој?
Свесни ли се одговорните дека ваквата состојба во сообраќајот во која доминира автомобилот над правото на безбедно движење на луѓето, ги држи децата затворени дома и ги прави целосно зависни од родителите во движењето? А особено децата и лицата со атипичен развој, со пречки во видот, слухот и движењето, лицата кои се движат со помош на колички? И градот место сцена за толку важните прошетки за сите нив и за бебињата во бебешките колички, станува огромна кочница во детскиот развој, во движењето и социјализацијата? Скопје, тоа сакаш ли да бидеш? Град пријателски за деца или град кочница за нормален детски развој?
На бул. Климент Охридски полицијата ни го ослободи целиот потег (сите коловозни ленти) за безбедно да поминеме. Но сакавме да ги научиме децата како треба да возат секојдневно и ги упатувавме да возат по велосипедската лента. Треба да го цениме она малку добро што го имаме. Но и да бидеме критични за да стане подобро. Родителите возеа покрај нив, по коловозната лента, зашто велосипедската лента е претесна за паралелно безбедно возење на двајца. Нашите планери и тоа треба да го имаат на ум: патеките треба да се доволно широки за да обезбедат паралелно возење на децата и нивните родители!
Потоа ги упативме децата по велосипедската патека по бул. Партизански одреди. Овој сегмент со сите маани кои може да се најдат е еден од попристојните во градот: наспроти окупацијата со возила во остатокот од просторот, патеката по Партизанска е претежно слободна, За жал, бидејќи не постои ревносно казнување и нема комунални служби или полиција кои ќе се грижат за јавниот простор, мора да се користат столпчиња за да се спречи паркирање на возила.
Исто така, тука има простор и за пешаци и за велосипеди и автобуската постојка е заобиколена како што треба за да не доаѓаат во конфликт велосипедистите со патниците. Редок случај. Децата баш се радуваа кога го користеа заобиколувањето!
Исто така, тука има простор и за пешаци и за велосипеди и автобуската постојка е заобиколена како што треба за да не доаѓаат во конфликт велосипедистите со патниците. Редок случај. Децата баш се радуваа кога го користеа заобиколувањето!
Патеката ни заврши во т.н. Зона 30, зона на смирен сообраќај која постои само во одлука на општина Центар, само на хартија и на знаци, а не и со соодветни физички мерки во просторот кои ќе ја направат побезбедна, кои ќе ја смират брзината на возилата до 30 km/h, како соодветни стеснувања на лентите, издигнувања или искривувања на коловозот, мини кружни текчиња…Правилот е дека ако нема доволно простор на една улица да се издвојат велосипедски патеки/ленти, тогаш сообраќајот мора да се смири за безбедно коегзистирање со возилата. И маалските улици се за точаци. Децата во Скопје го заслужуваат тоа!
„Јас живеам на улица која нема тротоари“ - рече Идриз Амети.
Добивме солидарна музичка поддршка од жителите и музичарите од ул. 4-ти Јули (Сецко, Идриз, Сашко), воедно и борци за нивната улица да стане побезбедна. Нивните барања од минатата година ги има тука.
И така со музика и игра го продолживме нашето “Орце на Орце“...
Почнавме со Критична маса (орце од точачиња) и завршивме со “орце“ на улица: улични игри, ластик, народна, хулахоп, цртање со креди...
Улицата беше затворена за моторен сообраќај, но беше отворена за многу повеќе: за пешачење, возење точак, улични игри и дружење. Уживавме во улицата ослободена од возила, метеж, брмчење, бучава, барем на неколку часа. Имавме вистински и самоорганизиран Ден без автомобили. Игравме и муабетевме. Улицата на неколку часа беше отворена за луѓето!
Децата цртаа и пишуваа цртежи по желба и пораки со креди на улица и со фломастери на хартија...
Децата сакаат повеќе велосипедски и пешачки патеки, почисто Скопје, поголема хигиена, почитување на правилата, внимавање во сообраќајот...
А ние? А вие? А надлежните? Какво детство им обезбедуваме на децата во нашиот град?
Во меѓувреме возрасните се потпишуваа на петицијата чија содржина ја има во продолжение.
------------------------------------------
Со настанот на ул. Орце Николов во саботата поврзавме две општини.
Ние, жителите на општина Центар и општина Карпош, како и нивните сограѓани од остатокот од Скопје, од овие општини бараме да се заштити човечкиот живот во сообраќајот и да се подигне квалитетот на живот на граѓаните преку исполнување на следните:
Ние, жителите на општина Центар и општина Карпош, како и нивните сограѓани од остатокот од Скопје, од овие општини бараме да се заштити човечкиот живот во сообраќајот и да се подигне квалитетот на живот на граѓаните преку исполнување на следните:
Барања
·
Да се создаде
визија за општината со нови поинакви вредности, визија во која животот на
ранливите е поважен од брзината на возилата и визија во која безбедноста на
децата во сообраќајот е на прво место.
·
Во склад со
таа визија, во сообраќајните проекти, да не се посветува внимание само на
автомобилското, туку и задолжително и на пешачкото и велосипедското движење.
·
Да се
обезбедат тротоари чијашто широчина не смее да падне под одреден минимум по
цела должина на улиците, а ќе се тежнее и кон оптимална широчина. Улиците се
пред се’ за движење. Останатите функции (како
тераси од кафулиња) се второстепени.
·
Тротоарите,
особено во коридорите околу школите, да се заштитат и со физички бариери.
·
Обележаното
“легално“ паркирање на возила да се организира така што нема да го загрозува
пешачкото движење.
·
Да се реши
проблемот со нелегалното паркирање.
·
Да се
обезбедат велосипедски патеки или ленти секаде каде што може, а онаму каде што
не може, да се создадат услови за безбедно споделување на коловозот меѓу
велосипедите и автомобилите .
·
Да се
создадат зони 30 во вистинска смисла на зборот, не само со збор и само со знак,
туку и со физички мерки:
-со искривување на текот
на коловозот (со алтернирачко, де на една де на друга страна поставување на
зеленило, алтернирачки паралелен паркинг, места за контејнери итн), со шикани
-со подигнати пешачки
премини
-со подигнати крстосници при вкрстување со попречни улици
-со подигнати крстосници при вкрстување со попречни улици
·
Да се
продолжи со праксата за регулирање на сообраќајот во зоните околу школите во
утринските и попладневните часови од волонтери.
·
Да се
возобнови сообраќајната едукација во образованието од најмала возраст и
велосипедските полигони во школите.
·
Повремено
(еднаш неделно, еднаш месечно) барем на неколку часа да се ослободуваат улици
во општината за детски улични игри и соседска социјализација, за правилен
развој на децата и за здраво живеење во заедница на сите.
*Иако
општините немаат директна надлежност за некои од наведените барања, во склад со
својата визија (ако ја создадат) може и треба да ги искомуницираат надлежните
институции
0 comments:
Post a Comment