Facebook настан: линк
Рута: линк
-------------------------------
Улиците се место за луѓето.
Автомобилите треба да се гости, а не домаќини, особено на маалските улици.
А предност имаат децата, нивните чекори и нивната слободна игра.
Затоа, ние од иницијативата на Детска критична маса во која сме НаТочак - NaTochak Колектив Ветерница Никулец Креатива и Едукација и Педала Ве покануваме на оваа 5-та по ред детска критична маса која ја возиме во срцето на градот и завршуваме во Дебар маало – гнездото на скопските автомобили!
ПОЧЕТОК: 11:30 пред Центар за странски јазици и Ветерница
Затоа што на улиците не е доволно само да се стави знак за Зона 30, или знак за Зона школо или Зона на смирен сообраќај. Треба да се ослободат тротоарите од возила и некаде и да се прошират, да се воведат велосипедски ленти секаде каде што може и да се смират брзините на автомобилите, со соодветни издигнувања, искривувања на коловозот, мини кружни текчиња…
Начини има, но треба да се такви и вредностите.
Да се стави приоритет на БЕЗБЕДНОСТА И ЗАШТИТАТА НА ДЕЦАТА.
Децата на Скопје се чини како да немаат право на безбедно движење дури ни до школите, а не па нешто повеќе.
Овој град (тоа ги вклучува сите општини, институциите и граѓаните) се грижи да има повеќе бесплатни места за паркирање, отколку: простор за здрави навики, движење со пешачење и возење точак, имање здраво детство.
Скопје не е град пријателски за деца, но ние тоа сакаме да стане и веќе 5-та година по ред преку одржување на детската Критична Маса и пропратни активности ја промовираме таа заложба.
Овој петти настан е инспириран од проблемите по текот на ул.Орце Николов, низ Дебар Маало, низ Центар и Карпош, но истите проблеми се однесуваат и на многу други делови од градот: брз моторен сообраќај, окупирани тротоари, небезбедност, скратено право на движење на ранливите учесници во сообраќајот.
Со овој настан сакаме да истакнеме и оживееме 2 заборавени функции на улиците:
-улиците како место за безбедно пешачење и возење точак за сите генерации, за движење на децата, повозрасните, за детски колички
-улиците како место за социјални контакти, за безбедно среќавање, безбедно преминување, за живеење маалски…
Ќе возиме точачиња со децата на Детска Критична маса, ќе пишуваме пораки за безбедност, ќе играме улични игри и ќе се едуцираме.
Ги повикуваме сите комшии од маалото, но и од пошироко да ни се придружат во нашето „орце“ со точачиња на Орце.
Засега резервирајте го терминот, а попрецизни информации, наскоро ;)
Агенда:

11:30 пред Центар за странски јазици и Ветерница (за оние со точачиња)
-Подготовки за Критична маса, изработка на ветерници
12:00 по предвидена рута (за оние со точачиња)
-Детска Критична Маса #5
13:00 околу „Јас и ти“ во срцето на Дебар Маало (за сите)
-едукација за проверка на точакот
-дискусија со дечињата за сообраќајот
-детски улични игри
-пишување и цртање за безбедност
-потпишување иницијатива за безбедна улица
-маалска дружба
*музичка поддршка од:
-Сецко и Идриз Амети (со неколку песни од Exic - So many loves)
-Сашо Митревски (Миллко)

0 comments:
Post a Comment