23 May, 2013

Критична маса #13: Скопје на точак, големо да растеш!

Датум: 29.05.2013
Тргнување: 17:30, паркинг кај Веро Центар

Забава: 19:00, на платото пред МКЦ

Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.

Известување до медиуми: линк.


постерот за КМ 13


1 година од првата Критична маса во Скопје.
12 заеднички возења, 12 различни теми и неколку директни акции. 


Посочувајќи на проблемите во Скопје и предностите од возењето точак, стотици граѓани возеа заедно, покажуваа дека постојат и дека Скопје мора да обрне внимание и на велосипедскиот сообраќај!

Илјадници граѓани на најразличен начин изразија поддршка на желбите за подобри услови за возење точак!

Дојдете повторно и оваа среда на роденденската критична маса, повторно да се повозиме заедно и да го славиме возењето точак! 

Облечете ги највеселите и најшарените партали што ги имате во вашиот шкаф. Земете свирчиња, вувузели, балони, транспаренти. Земете ја целата позитивна енергија со вас и фиксирајте ја насмевката на вашите лица, because it's party time! :D

Тргнуваме во 17.30 од паркингот до Веро Центар, а завршуваме околу 19:00 пред МКЦ, каде што ќе има журка! Па роденден ли е, што ли е? :)

Пред МКЦ ќе не' чекаат:

- Фонија
- Човекот од Хром ака ЛД Пистолеро, Љупа Д Џон ака Ѓон, Вселенковци и Гоце САФ


Патeката ќе не' прошета до Лисиче и назад по булевари, улици и сокачиња по кои многумина од нас никогаш не поминале. Тука патеката подетално:



View Критична маса - Скопје на точак #13 - роденденска in a larger map


Добредојдени се сите кои возат точак и сите кои ја поддржуваат желбата за почист, порелаксиран и поубав град. 


Нека заѕвонат 1000 ѕвончиња за подобар вело-град!

Да покажеме дека не’ има многу и да растеме, отворајќи простор за уште поактивна година со поголема критична маса!

Скопје на точак, големо да растеш!


Неизмерна благодарност до сите кои несебично дадоа се' од себе за да може овој настан да се одржи.


*Внимавајте на себе и на другите.

*Секој учесник вози на своја одговорност.

0 comments:

Post a Comment