28 January, 2013

Критична маса #9- Избори се за водух!


Датум: 30.01.2013 Место на чекање: спортски терени на СУГС „Р.Ј. Корчагин“ Време: 17:30

Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк Во месецот во кој загадувањето на воздухот во Скопје е најалармантно, ја возиме деветтата по ред Критична маса посветена токму на овој проблем.
Критична маса го слави возењето велосипед и како најеколошки тип на транспорт!

Избори се за воздух!



Скопје се дави во смог и во сообраќајни гужви. Се дават и други градови поради зголемената концентрација на луѓе и активности. Но згуснувањето освен што е извор на проблеми, може да биде и основа за нови сообраќајни решенија како што е ефикасниот јавен транспорт комбиниран со велосипедскиот и пешачкиот. Градовите планирани да одговараат на автомобилот пред луѓето, повторно стануваат хумани места за живеење.

Каде е Скопје?
Скопје пред се’ мора да ја измери сообраќајната структура, уделите на различните типови сообраќај во вкупниот. Скопје мора да види од кои се извори и во колкав удел му доаѓа загадувањето кое УБИВА луѓе.
Ниеден град не го решил проблемот со аеро-загадувањето со чекање дожд или ветер да го однесат смогот или со давање предност на возењето автомобил. Помеѓу другите активни мерки, потребно е целосно реобмислување на приоритетите во сообраќајот.

Тоа е јасно, но што во меѓувремето се случува со нашиот личен избор на дневно ниво?
Погледнете околу вас. Во 3 од 4 автомобили се вози по само еден човек, автобусите се најчесто полупразни, а луѓе на точак?
Истовремено, најголем дел од секојдневните патувања на најголем дел од граѓаните се помали од 5км, дистанца совршена за на точак и бесмислена за со автомобил.
Ќе придонесуваме кон поголемо загадување или ќе споделуваме патување со автомобил со пријателите; ќе се возиме почесто со јавен транспорт на подолги дистанци и на пократки ќе го реактивираме точакот?


Секој точак на улиците е еден автомобил помалку. Секој нов велосипедист значи помалку штетни гасови и за себе и за оној кој вози автомобил. Автомобилот, докажано, воопшто не го штити патникот од ситните штетни честички.
Но на точак не само што не е поголем ризикот по здравјето, туку и придонесуваме повеќе во битката не само за подобар живот, туку за живот воопшто.
На годишно ниво, заради загадениот воздух, својот живот го губат 1350 жители на Македонија, а бројот на заболени е уште поголем. Од ништо. Од воздух. Свесни ли сме колку е тоа сериозно?

Изворот на живот стана извор на смрт. На луѓето пред само еден век тоа би им звучело нелогично. Но се случува. Колку и да се апсурдни, тоа се предизвиците и битките на нашето време. Да дишеме нормален здрав воздух, да живееме во хумани места.
2013 е година на воздухот во Европа. Ситуацијата е сериозна и во други градови.
Разликата е во тоа што некои градови порано увидуваат дека мора да се преземе нешто.
Зошто да одолговлекуваме кога ги знаеме решенијата и кога може да потекнат од секој од нас лично?
Не загадувај!
Вози точак секој ден!


Избори се за воздух!

*Понесете разни светлечки и звучни реквизити. Од дел од претходните донации ќе обебедиме заштитни маски со кои симболично ќе ја извозиме рутата низ индустриска зона сместена во градот: www.0.mk/km9



View Критична маса - Скопје на точак #9 in a larger map


*Ќе има дружење со чај на крај
*Возете одговорно, внимавајќи на себе и на другите

Огромна благодарност за поддршката. Се гледаме во среда во 17:30!

26 January, 2013

Промотивни материјали КМ#9

Плакат [дизајн: Кирил Стоилов]

Плакат КМ9

Флаер

предна страна - за печатење - (tif)

Предна страна (png)
задна страна - за печатење - (tif)

Задна страна (png)

Банери

300 x 250

980 x 100

849 х 316

980 x 750

Џингл

All credits go to Foolish Green.




25 January, 2013

Радио џингл #КМ9

All credits go to Foolish Green.

31 December, 2012

Извештај од КМ#8 - 26.12.2012


Има многу работи кои пречат во возењето точак низ градот. Скопје не е најлошиот, но не е ни пријателски велосипедски град во начинот на кој градските политики, планирањето, фактичката изведба на улиците и општата сообраќајна култура го третираат овој вид на сообраќај.
Несовршената состојба е причина да реагираме и да се собираме, но не е причина и да не се радуваме на возењето. За што би барале подобри услови ако не за нешто во кое уживаме?
J
Осмата критична маса како и сите претходно, ако не и повеќе, помина во тој дух.

Претходно, во пресрет на почетокот на Новата година, место флаери подготвивме честитки на македонски и во електронска форма на англиски и албански јазик. Слободно споделувајте ги до вашите пријатели!









Нив и другите материјали ни ги дизајнираше Иван Петрушевски Флим. Нему и на сите претходни дизајнери им благодариме за поддршката на наТочак со точакољупски дизајни!


Честитките се делеа како најава на КМ8 на луѓе кои ги забележувавме на точак низ град, на нашите поддржувачи, a им пративме по пошта на институциите одговорни за условите за возење точак во градот. 



 
Градоначалник на општина Аеродром
Ивица Коневски
Ул. Венјамин Мачуковски бр.6 Б
1000 Скопје
Синиша Ивановски
ЈП Улици и патишта
ул. Коле Неделковски бр. 38 
1000 Скопје
Градоначалник на општина Бутел
Петре Латиновски
Ул. Бутелска бр.4
1000 Скопје
Борче Јакимовски
ЈП Градски Паркинг- Скопје
бул. Илинден бб
1000 Скопје
п. фах. 739
Градоначалник на општина Гази Баба
Тони Трајковски
Бул. Александар Македонски бб
1000 Скопје
Мишо Николов
Јавно сообраќајно претпријатие
Бул. Александар Македонски бр. 10
1000 Скопје
Градоначалник на општина Ѓорче Петров
Сокол Митревски
ул. Ѓорче Петров бр.73
1000 Скопје
Душан Авировиќ
ЈП Паркови и зеленило
Илинденска бб
1000 Скопје
Градоначалник на општина Карпош
Стевче Јакимовски
ул. „Демир Трајко“ бр.43
1000 Скопје
Ракип Дочи
Јавно комунално претпријатие Комунална хигиена
Ул."7 јули" бр.40
1000 Скопје
Градоначалник на општина Кисела Вода
Марјан Ѓорчев
Бул. Првомајска б.б.
1000 Скопје
Маргарита Бакев
ЈП Паркинзи на Општина Центар
Ул.8-ма Ударна бригада бр.20а
1000 Скопје
Градоначалник на општина Сарај
Беким Мурати
Рекреативен центар Сарај, б.б
1000 Скопје
Градоначалник на општина Центар
Владимир Тодоровиќ
Ул. Михаил Цоков б.б.
1000 Скопје
Министер Гордана Јанкуловска
Министерството за внатрешни работи
Ул. Димче Мирчев бр. 9
1000 Скопје
Градоначалник на општина Чаир
Изет Меџити
Бул. Христијан Тодоровски бр.5
1000 Скопје
Министер Миле Јанакиески
Министерство за транспорт и врски
Плоштад Црвена Скопска општина
бр. 4
1000 Скопје
Градоначалник на општина Шуто Оризари
Елвис Бајрам
Ул. Виетнамска б.б.
1000 Скопје
Министер Абдулаќим Адеми
Министерство за животна средина и просторно планирање
Ул. „Дрезденска“ бр. 52
1000 Скопје
Градоначалник на град Скопје
Коце Трајановски
Бул. Илинден бр.82
1000 Скопје


Ним им посакуваме да почнат да вртат педали во новата година и да го подобруваат квалитетот на животот, и личен и градски ;)




Со КМ8 Ја заклучивме 2012-та славејќи го возењето точак во многу убава атмосфера. И покрај скопските магли, ниските температури и блокираните улици заради протести во градот. Благодариме на сите учесници за тоа!

Ја извозивме оваа рута непосредно околу центарот на градот:

 
View Критична маса - Скопје на точак #8 in a larger map


и завршивме на плоштад Македонија каде не чекаше топло чајче или кафе и честитки за присутните.
Добар дел од учесниците на Критична маса сериозно го сфатија повикот за осветлување на точаците и нивно новогодишно украсување, што уште повеќе придонесе за убавата атмосфера.
Еве како помина возењето низ серија фотографии и едно видео:


Се собираме на платото покрај Пошта...

Спремни за студот...

И спремни за новогодишно возење...

И не се само точаците украсени :)

Спремни за тргнување?

„Јас сум спремна!“

Спремни и за да бидеме забележани во мракот!

Па и не само Скопје, нели? Воопшто не е лоша идејата и за велосипедски поврзана Македонија! :) 

Идејата на критична маса е да остави траг...

кај учесниците и минувачите...

Заземаме привремено дел од улиците...

па кога ќе потпорасне малечково да оди со точак на школо по трајно слободни и убави патеки... 

Возиме низ скопските магли и гужви.
Во одлична бројка на присутни за така ладен и темен месец како декември.

Посветени на велосипедот :) и градот...

ги поврзуваме, реоткриваме и реосмислуваме неговите простори... 

Слободно се собираме...

и изразуваме љубов и став...

Сакаме поубав град!

Сакаме град добар за на точак!

Добар за дишење, движење, за сите нас...

Споделуваме топло чајче и топол збор...

Споделуваме простор...

И идеи...

Споделуваме фотка на ФБ :)

И поздрави до весели дружини :)

И желба да се гледаме пак во 2013 на точак!
Bike power!
Среќна точакољупска на сите!



На 70-ината присутни им благодариме особено за возењето во критичната маса, но и за донациите!
Во кутијата за донации собравме 
 3215 денари. За честитките и постерите за КМ8 беа потрошени 3034 денари. Па заедно со донациите од претходно, буџетот на наТочак моментално изнесува 2248 денари. Точакољупци, секоја чест!

Кога почнавме да правиме точакољупски собири, идејата за Критична маса беше на „можеби“... Кога почнавме да правиме критични маси, идејата дека ќе се вози во зима беше на „можеби“. Кога ја извозивме веројатно најладната и најтемната критична маса со ваква поддршка од вас драги луѓе, веќе не се сомневаме дека не
чекаат 12 критични маси во 2013 во кои ќе ги преплавиме улиците со точаци, радост и критична маса за промена.

Се гледаме во 2013-та!
И не стискаме желби, ќе стискаме педали! :)

30 December, 2012

Најукрасени точаци на КМ#8

Кој вели дека за нова година се китат само елки? Голем дел од учесниците на Критична маса #8 новогодишно ги украсија своите точаци. Еве дел од најукрасените.