29 December, 2014

Критична маса #32: За уште многу булевари без велосипедски патеки!

ДатумСреда, 31.12.2014
Почеток21:00, Плоштад Македонија

Крај: Мојот Калеидоскоп (зад ТЦ Буњаковец)
---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк

Промотивни материјалилинк
Рута: линк (има само почетна и крајна точка)

---------------------------------------------------------------------
Банер за КМ 32
За уште нови булевари без велосипедски патеки!
За уште паркирани возила на пешачки и велосипедски патеки!
За уште нови автобуски постојки кои се на средина на патеките за движење! 
За уште школи и институции без паркинзи за точаци.
За уште расипани точаци за изнајмување!
За уште високи рабници и непристапни тротоари за незагадувачки тркала!
За уште сообраќајни решенија кои поттикнуваат возење коли и демотивираат возење точаци.
За уште позагаден град! 

 
Не знаеме чии се желбиве, но се остваруваат.
Можеби никој не го посакува горенаведеното, но сепак ни е стварност зашто и никој не се охрабрил да го промени. 
Ајде да го смениме заедно во наредната година! 
Да делуваме поцврсто и институциите да се променат и да почнат да го менуваат градот.
Не е доволно да посакаме, поважно е да делуваме да се направи.
Не се доволни декларативни заложби на институциите, поважно е да почувствуваме реална промена

Придружи се на Критична маса, придружи се во НаТочак.
Да делуваме заедно за подобар вело-град, за Скопје достојно за возење точак!

Тоа би била нашата најголема Новогодишна желба, на ироничен начин претставена преку материјалите за Критична маса 32.
--------------------------------------------------------------

 
А терминот за Критична маса 32 (последна среда во декември) се паѓа токму на 31-ви.

Дојди на Новогодишното возење, на една од поинтересните критични маси во годината. Овојпат посебно необично е тоа што немаме предвидена рута и на лице место ќе одлучуваме каде ќе возиме, во зависност од новогодишните дразби :)
Во некои градови во светот КМ така функционира редовно, сега за првпат ќе пробаме и ние.

Си возиме како и секогаш, само сега на крајот нé очекува забава.

Со точакољупци и точаци, јадење, пиење, музика, балони и сé што сами ќе си спремиме.
За Критична маса се разбира дека не е потребно пријавување, но потребно е за забавата која после возењето ќе продолжи во Мојот Калеидоскоп, за да си резервирате место.
Заинтересираните пишете ни на:
natochak@gmail.com.

Времето е поладно, облечете се во повеќе слоеви.
Почнуваме и завршуваме во темница, па задолжително носете светла на точакот. Други светлечки и звучни помагала се бонус :) Новогодишни декорации за точаците, Дедомразовски капи и костими, балони и испишани желби, исто така.

Се гледаме!
Нека ни биде Новата година поуспешна на вело-план за Скопје!
Ѕрн ѕрн!

--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата.
До овој момент, скопјани 31 пат возеа масовно по скопските улици, на 31 различна тема поврзана со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 32-ри пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------

*** Секој учесник вози на своја одговорност. 

Промотивни материјали #КМ32 (Новогодишна)

Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #32. И особена благодарност до Иван за дизајнот и реализацијата на материјалите за оваа КМ во малку поинакво светло од досегашните. :)
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постер и флаер
Постерот за КМ 32 (А3)

-Постер (А3, во боја, pdf) верзија за печатење: линк.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери
Подолу следува преглед на банерите.


веб-банер 300x250
 

веб-банер 980x100
 

веб-банер 990x80


веб-банер 851x315 (Facebook cover)
 

веб-банер 3125x1042 (Twitter cover)
 
ПОРАКИ

Нема толеранција за велосипедисти
 
Во Новата година сите пешаци да пешачат по велосипедска патека
 
Повеќе високи рабници! - За уште расипани точаци за изнајмување
 
За уште позагаден град!

 

17 December, 2014

Најреволуционерен блог на годината

Минатава сабота се одржаа третите по ред Блогираме и Твитер награди. НаТочак беше избран за најреволуционерен блог на годината.



Им благодариме на сите што гласаа за нас, на сите што педлаат со нас, не само секоја последна среда во месецот туку секој ден низ магли, ветришта, смогови, низ невозможни велосипедски услови со неслеани рабници и нереновирани патеки. Борбата за подобро Вело-Скопје е наша, заедничка. И заслугите за секоја минимална интервенција се исто така наши, заеднички.

Блогот и НаТочак постојат за Скопје, за велосипедистите, за тие што мислат дека точакот не е алтернативно превозно средство, туку примарно. А за оние кои не мислат така, тука сме да ги разубедиме, мотивираме и охрабриме :) Заедно покажавме дека нè има и дека веруваме и работиме кон подобро вело-Скопје!  Блогот и борбата немаше да постојат без сите вас.

Продолжете да возите велосипед и понатаму, борбата за подборо Вело-Скопје допрва ќе трае.
Sрн-ѕрн.

11 December, 2014

За сообраќајните стратегии на Скопје (писмо од граѓанин на по-велосипедски град)

После најавената стратегија на Град Скопје за претворање на Скопје во велосипедски град (преамбициозно име за проект кој не го става велосипедот на прво место, туку само обезбедува одредени патеки), ја добивме мапата од Карлсруе за споредба на велосипедската мрежа меѓу двата града, а потоа и следниов мејл од Александар Иванов, Македонец кој живее таму. Прочитајте.
 НаТочак, исто така, спрема мислење кое ќе го достави до Град Скопје за оваа стратегија.
Се согласуваме дека мора да се почне од некаде, а тоа е реконструкција на она што веќе го имаме (постоечките велосипедски патеки), но за да се нарече еден град велосипедски, потребно е многу, многу повеќе од тоа. 

Велосипедската мрежа на Karlsruhe

Планираната велосипедска мрежа на Скопје за 2017-та

 -------------------------------------------

Aleksandar Ivanov
6 December

Благодарам на одговорот,  
јас не живеам во Скопје во моментов, но во Скопје поминав 6 години како студент од крајот на 90 ите до некаде 2005 сите години ги поминав на велосипед во време кога велосипедот беше раритет и немаше ниту една велосипедска патека. Затоа многу добро ми се познати потенцијалите на Скопје и правам се што е во мојата моќ да со апели и идеи да допрам до ушите на надлежните. Истовремено во моментов живеам во Карлсруе, град кој има многу добро решена велосипедска инфраструктура. Слушајќи го градоначалникот Коце Трајановски ( кој навистина поради неговото залагање го почитувам ) можам да заклучам дека луѓето инволвирани во оваа проблематика немат никакви познавања ниту пак визија во кој правец треба да се движат сообраќајните решенија во Скопје. Со други зборови не може од една страна да се зборува дека ќе развиваме велосипедски град со тоа што прво ќе се изгради инфраструктурата за автомобилите, па после паралелно со нив ако има простор се гради и велосипедската инфраструктура. Исто така битно е да се разбере за да се возат велосипеди, истите треба да имат некаква предност. Пред се да имат можност да се движат побзо во централното градско подрачје. Со други зборови ништо нема да се добие ако велосипедските патеки се прават исклучиво покрај булевари. Мора да се барат решенија каде движењето со велосипед ќе биде ексклузивно право. Затоа централното градско подрачје (големиот ринг) треба да биде така решен што улиците ќе можат да се користат само како сервисини и брзната на движење би требало да биде ограничена на 20 до 30 км на час. Ова ќе даде огромна предност на оние што користат велосипеди и многу луѓе не само од љубов или еколошка свест туку од практични причини ќе поминат од автомобил на велосипед. Треба на секој да му биде јасно дека зголемување на бројот на велосипедисти е најчесто базиран врз практични причини. Од тука тврдам дека огромна грешка се прави со идејата за проширување на ДАМЕ ГРУЕВ во булевар. Тоа е екстремно лошо решение. Идејата ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ да се претвори во пешачка зона е добра и ја подржувам. Но со проширувањето на ДАМЕ ГРУЕВ всушност придобивката од ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ се неутрализира затоа што повторно ќе имаме транзитен булевар во самиот центар. Затоа апелирам до вас. Обидете се да допрете до градоначаликот, обидете се да му образложите дека во центарот на градот не треба да има транзитни булевари. Јужен Булевар и Булевар Гоце Делчев се сосема доволни. И дека со претворањето на центарот во пешачко велосипедска зона (со можност за користење од градскиот сообраќај и како сервисни улички да се дојде до паркинг, достава на роба и слично) ќе се постигне една огромна цел, а тоа е помасовно користење на велосипедите.

П.С. Јас би бил пресреќен кога некој од град Скопје би бил во можност да дојде и да посети Карлсруе за со свои очи да се убеди што значи центар во радиус од 2 километри комплетно ослободен од транзитирање на автомобили. Оттука еве оваа покана може да им ја пренесете ако некогаш со нив седнете на маса.

Поздрав, 
Александар Иванов


Продолжение
-------------------------------------------

Aleksandar Ivanov
6 December

Почитувани, најголемата грешка на градот Скопје е тоа што со овозможувањето на полесно и побрзо движење на автомобилите низ центарот на градот само уште повеќе се мотивираат луѓето да го користат автомобилот како превозно средство. Дури и во западот каде што еколошката свест на луѓето е на многу повисоко ниво изборот на средство за сообраќај најчесто се избира од практични причини. Јас не гледам навистина ниту една практична причина во наведената стратегија на град Скопје од автомобил да се помине на велосипед, Напротив колку булеварите се пошироки, а особено оние кои го сечат центарот, толку ќе имаме повеќе сообраќај. Тоа е непишано правило во сообраќајот. Затоа на секаде во светот булеварите во централното градско подрачје се стеснуваат, а на нивна сметка се прават велосипедски булевари и пешачки зони. Затоа инсистирам да не се фрлаат пари за проширување на Даме Груев која треба да си остане таква каква што е и да се користи како сервисна улица, а со парите кои се планирани за нејзина реконструкција да се подобри велосипедската инфраструктура. Како и во забрзување на изградбата на планираните кружни текови кај НИП Нова Македонија и проширувањето на улицата Јордан Мијалков. Оваа проширување заедно со планираниот Јужен тек се сосема доволни да го прифатат комплетниот сообраќај од една кон друга страна на Скопје, со што центарот ќе се ослободи од сообраќај. Тоа е тоа, знам дека многу работи повторив, но мислам дека мојата идеја и заложба вреди да се разгледа. Што се однесува до мојот поопширен пост слободно објавето го.

26 November, 2014

Во Скопје може и без кола!

Скопје е загаден град и тоа ни пречи на сите. Ни пречи кога шетаме, ни пречи кога возиме точак, ни пречи кога вежбаме на отворено, ни пречи секој пат кога ќе излеземе надвор, од која било причина. Не сме изолирани ни во нашите домови и коли, воздухот е насекаде ист!
Воздухот е за сите ист, но различни превозни средства различно влијаат.
Сите сме одговорни за загадувањето, но со менување на превозните навики можеме да го намалиме.
 
Автомобил не е единствен начин на превоз во Скопје.
На помали дестинации може и пеш, на средни со точак, на подолги со автобус!
Кога мора со автомобил, сподели превоз!
 
Група активисти #НаТочак се обидоа да ги поттикнат своите сограѓани да пробаат да ги променат навиките укажувајчи им на останатите опции за превоз.
 
Исфилтрирај ги превозните навики за почист град за мене, за тебе, за нашите деца.
*** Потсетување: попладнево, со почеток од 17:30 во Скопје ќе се вози 31-та Критчна маса со тема „Исфилтрирај ги навиките! Не чади, диши со полни гради“ (линк)
 
 

 







 

24 November, 2014

Критична маса #31: Исфилтрирај ги навиките! Не чади, диши со полни гради.

ДатумСреда, 26.11.2014
Почеток17:30, Плоштад Македонија
Крај: Плоштад Делфина, Влае
---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк

Промотивни материјалилинк
Рута: http://goo.gl/j9TFdt

---------------------------------------------------------------------



Постерот за КМ#31: „Исфилтрирај ги навиките“

Дали баш мора да запалиш кола за до продавница или за да излезеш на кафе?
Дали е навистина неопходно на дестинација до 5-6 км. да одиш со кола?
Има ли можност на некој друг начин да стигнеш таму каде што сакаш?
Разгледај ги опциите како може да стигнеш дотаму, кое превозно средство најмногу одговара, и каде може да го избегнеш превезувањето со кола. Таму каде што мора да одиш со кола, може да се организираш да се возиш заедно со некого, не мора да се возиш сам. Начинот на превоз во многу случаи е повеќе резултат на навика отколку неопходност. Пробај да направиш промена за свое добро, за добро на сите.
Исфилтрирај ги своите навики!

Скопје е загаден град и тоа ни пречи на сите. Ни пречи кога шетаме, ни пречи кога возиме точак, ни пречи кога вежбаме на отворено, ни пречи секој пат кога ќе излеземе надвор, од која било причина. Не сме изолирани ни во нашите домови и коли, воздухот е насекаде ист!


Сите сме одговорни за загадувањето, а со менување на навиките сите ќе придонесеме тоа да се намали.

Што предлагаме ние? Предлагаме повремено да заборавиме на автомобилот како превозно средство, да пробаме да се превезуваме со велосипед, пеш, со градски превоз.
Колата не е единствениот начин на превоз во Скопје!

Ајде дојди со нас, заедно да им покажеме на пријателите како може да помогнеме во прочистувањето на воздухот во Скопје! Ајде сите на точак! Придружи ни се!
Сврти кругче после работа, школо, факултет со нас во среда на Критична маса, за да видиш дека Скопје има и други велосипедисти и чека уште толку и десетпати повеќе да му се приклучат.
Во среда на 26-ти ноември ја возиме 31-та Критична маса по ред, зборно место - Плоштад Македонија, 17.30 часот.

Дојди да ја почувствуваш атмосферата на Критична маса, сите заедно да покажеме дека сакаме да дишеме чист воздух и дека е неопходно и градот да му го даде заслуженото поприоритетно значење на ваквиот начин на превоз, со кој не се загадува воздухот.

Возиме по следнава рута: 



Времето е поладно, облечете се во повеќе слоеви.
Почнуваме и завршуваме во темница, па задолжително носете светла на точакот. Други светлечки и звучни помагала се бонус :)
Се гледаме!
Ѕрн ѕрн!
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.
Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата.
До овој момент, скопјани 30 пати возеа масовно по скопските улици, на 30 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.

Да ги освоиме по 31-ви пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
 

Промотивни материјали #КМ31

[дизајн: Мирослав Старовски]
Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #31, а на Мирослав му благодариме што на интересен начин го претстави филтрирањето: од сменети навики до сменета стварност.
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постер и флаер
-Постер (А3, во боја, pdf) верзија за печатење: линк.

Постерот за КМ 31 - верзија за веб и печатење 


флаер, предна страна
 
флаер, задна страна
 

 
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери
Подолу следува преглед на банерите.

веб-банер 300x250
 

веб-банер 300x250
 

веб-банер 500x500
 

веб-банер 980x100
 

веб-банер 990x80


веб-банер 851x315 (Facebook cover)
 

веб-банер 3125x1042 (Twitter cover)