24 November, 2014

Критична маса #31: Исфилтрирај ги навиките! Не чади, диши со полни гради.

ДатумСреда, 26.11.2014
Почеток17:30, Плоштад Македонија
Крај: Плоштад Делфина, Влае
---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк

Промотивни материјалилинк
Рута: http://goo.gl/j9TFdt

---------------------------------------------------------------------



Постерот за КМ#31: „Исфилтрирај ги навиките“

Дали баш мора да запалиш кола за до продавница или за да излезеш на кафе?
Дали е навистина неопходно на дестинација до 5-6 км. да одиш со кола?
Има ли можност на некој друг начин да стигнеш таму каде што сакаш?
Разгледај ги опциите како може да стигнеш дотаму, кое превозно средство најмногу одговара, и каде може да го избегнеш превезувањето со кола. Таму каде што мора да одиш со кола, може да се организираш да се возиш заедно со некого, не мора да се возиш сам. Начинот на превоз во многу случаи е повеќе резултат на навика отколку неопходност. Пробај да направиш промена за свое добро, за добро на сите.
Исфилтрирај ги своите навики!

Скопје е загаден град и тоа ни пречи на сите. Ни пречи кога шетаме, ни пречи кога возиме точак, ни пречи кога вежбаме на отворено, ни пречи секој пат кога ќе излеземе надвор, од која било причина. Не сме изолирани ни во нашите домови и коли, воздухот е насекаде ист!


Сите сме одговорни за загадувањето, а со менување на навиките сите ќе придонесеме тоа да се намали.

Што предлагаме ние? Предлагаме повремено да заборавиме на автомобилот како превозно средство, да пробаме да се превезуваме со велосипед, пеш, со градски превоз.
Колата не е единствениот начин на превоз во Скопје!

Ајде дојди со нас, заедно да им покажеме на пријателите како може да помогнеме во прочистувањето на воздухот во Скопје! Ајде сите на точак! Придружи ни се!
Сврти кругче после работа, школо, факултет со нас во среда на Критична маса, за да видиш дека Скопје има и други велосипедисти и чека уште толку и десетпати повеќе да му се приклучат.
Во среда на 26-ти ноември ја возиме 31-та Критична маса по ред, зборно место - Плоштад Македонија, 17.30 часот.

Дојди да ја почувствуваш атмосферата на Критична маса, сите заедно да покажеме дека сакаме да дишеме чист воздух и дека е неопходно и градот да му го даде заслуженото поприоритетно значење на ваквиот начин на превоз, со кој не се загадува воздухот.

Возиме по следнава рута: 



Времето е поладно, облечете се во повеќе слоеви.
Почнуваме и завршуваме во темница, па задолжително носете светла на точакот. Други светлечки и звучни помагала се бонус :)
Се гледаме!
Ѕрн ѕрн!
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.
Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата.
До овој момент, скопјани 30 пати возеа масовно по скопските улици, на 30 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.

Да ги освоиме по 31-ви пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
 

0 comments:

Post a Comment