30 August, 2012

Порака од НаТочак

Драги учесници на Критична Маса, ви честитаме за успешното 4то возење! По обемните дискусии, би сакале да се изјасниме дека сите кои доаѓаат на работните состаноци едногласно се сложија дека настанот нема да биде пријавуван во полиција.Прашањето е дискутирано повеќе пати и во живо на состаноците и на претходните евенти.Ја сфаќаме грижата на некои кои даваа сугестии да се пријавува, но тоа тогаш не би било Критична маса туку некој друг настан!!! Кој би било супер да се појави (имало повеќе такви во минатото) и можеби ќе наиде исто така на поддршка. Поентата на Критична Маса е во тоа што возењето велосипед е право, а не привилегија. На автомобилите не им требаат дозволи за да возат масовно на улиците, не би требало ни за велосипедите, макар и се собрала доволно голема критична маса (во...

27 August, 2012

Критична маса #4

Драги точакољупци Скопје повторно е полно, а неговите граѓани се вратени од одмор, свежи и одморени. Ќе се возиме ли пак заедно? Критична маса бр. 4 во Скопје ќе се случува на 29 Август, Среда во 17.30 часот. Подмачкајте ланците, напумпајте гумите. Од Вторник се најавуваат и заладувања. Нема да возиме на пеколни горештини. Овој пат ќе ја посетиме левата страна на реката Вардар. Да видиме дали Чаир е често досадно место кога низ него проаѓаат скопските точаци. Рутата е следна: МНТ Центар - бул. Св. Климент Охридски - Димитрија Чуповски - 11 Октомври - Виктор Иго - Антон Попов - бул. Кочо Рацин - бул. Крсте Петков Мисирков - Цветан Димов - Џон Кенеди - Кемал Сејфула - Ферид Бајрам - Христијан Тодоровски Карпош - Цветан Димов - бул. Крсте Петков Мисирков - бул. Гоце Делчев - бул. Илинден...

09 August, 2012

Критична маса #3

На 25ти јули (среда) во прилично екстремни услови (жештини, годишни одмори и битен фудбалски натпревар) се извозевме наТочак по трет пат. Учествуваа нешто помалку од 200 велосипедисти. Еве како изгледаше тоа. За првпат при движењето низ улиците беше применета тактиката corking (https://en.wikipedia.org/wiki/Critical_Mass#Corking) и чекање на одредени точки. Возењето по тесните маалски улички беше посебно доживување. Особено позитивен момент од тоа е вклучувањето на велосипедисти кои воопшто не беа информирани за настанот. Голема благодарност до сите кои на било кој начин учествуваа во настанот. Се гледаме на 29ти авгу...

Pages 111234 »