Showing posts with label општина центар. Show all posts
Showing posts with label општина центар. Show all posts

09 June, 2021

Мислење за реконструкцијата на ул. Орце Николов

Денес, на 9.06.2021 година доставивме допис до Општина Центар во кој ги посочивме позитивните аспекти на реконструкцијата на ул. Орце Николов, но и некои отворени прашања и забелешки.Дописот за Орце Николов го има во целост во продолжение, а како негов прилог го доставивме “на хартија“ и дописот од декември 2020 година насловен: Пешачки, велосипедски и безбедни општини 2021 кој тогаш го доставивме во електронски облик до сите 10 општини, но на таков начин не добивме повратен одговор. -----------------------До: г-н Саша Богдановиќ, Градоначалник на Општина ЦентарСектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животна срединаСектор за...

14 August, 2020

Анкетен лист за ДУП Градска четврт Ц06 Стара железничка станица

За ДУП Градска четврт Ц06 Стара железничка станица кој се наоѓа на јавна анкета до 14.08.2020, Општина Центар ја има објавено целата документација на линкот.Синтезен приказ на планот може да се погледне во документацијата на линкот или на следната слика:НаТочак денес испрати свое мислење и сугестии преку анкетен лист.Содржината е во продолжение како текст и како pdf на линкот.ЗАБЕЛЕШКА:Имаме неколку едноставни, но суштински забелешки:1. ПРЕКИН НА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ПО ПРИМАРНА МРЕЖАДобро е што речиси целата примарна мрежа добива велосипедска инфраструктура. Булевар Кирил и Методиј од двете страни, булевар Кочо Рацин од двете страни, кружниот...

31 July, 2020

Анкетен лист за ДУП Градска четврт Ц01 Мал Ринг

За ДУП Градска четврт Ц01 Мал Ринг кој се наоѓа на јавна анкета до 31.07.2020, Општина Центар ја има објавено целата документација на линкот.Синтезен приказ на планот може да се погледне во документацијата на линкот или на следната слика:НаТочак денес испрати свое мислење и сугестии преку анкетен лист.Содржината е во продолжение како текст и како pdf на линкот.ЗАБЕЛЕШКА:Почитувани,Пред се, голем поздрав за тоа што ја објавувате целата документација за плановите итранспарентно известувате. Тоа е реткост меѓу општините, па дури и кај Град Скопје.Со тоа овозможувате различни страни, физички и правни лица, формални и неформални граѓански здруженија...

31 January, 2020

Забелешки за Детален урбанистички план З12 - Дебар Маало 2

Поттикнати од задолжителното обезбедување простор за паркирање велосипеди за идните градби во ДУП Градска Четврт З 12 - Дебар Маало 2, кое за првпат го среќаваме во некој план, одлучивме да пишеме и пошироки забелешки за планот во периодот кога беше отворена јавната анкета, поточно за улиците и јавните простори. Овие забелешки во голем дел може да се користат за било кој план во Скопје, па и другите градови. Можете слободно да користите делови од нив како свои или да ни посочите кога некој друг план ќе биде на јавна анкета и повторно да испратиме до соодветната општина. Мора да бидеме активни кога се работи за просторот во кој живееме! Целиот...

25 December, 2019

Предлози за програми и буџет на Општина Центар за 2020-та година - НаТочак

На крајот на месец декември, во очи носењето годишни програми и буџети на локалната самоуправа, НаТочак испрати допис до Град Скопје и до општините, до градоначалниците, до членовите на Советите, до раководителите на релевантни сектори во администрацијата. На овој линк се наоѓа документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Општина Центар, а тука се наоаѓа документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Град Скопје. Мејлот и документот до Општина Центар како текст го има и во продолжение.Чекаме одговор дали се прифатени и вградени предлозите.  ------------------------- Почитувани,  Ве...