„Ние сме На Точак.
Возиме во Скопје.
Критична маса е неформален велосипедски настан кој се организира во над 300 градови во светот. Критична маса во Скопје е почеток на трансформација на условите во кои се користи велосипедот како превозно средство за секој ден.“
Така започнува приказната раскажана во видеото „На улица #naTochak" кое вчера премиерно се прикажа на конференцијата за социјални медиуми и активизам Engage.
Благодарност до организаторите кои ни ја дадоа можноста да ја претставиме Критична маса- Скопје на овој настан. А во контекст на темата на настанот, да ја претставиме и можноста да се стигне од коментари...