Showing posts with label став. Show all posts
Showing posts with label став. Show all posts

22 November, 2018

Став за воведувањето “Зона 30“ во Карпош 4

Објава од Општина Карпош на линкот Општина Карпош воведува т.н. “Зона 30“ (Зона на смирен сообраќај) во Карпош 4. Одлично! Според нас (а по примерот на Париз и други градови) секоја улица која не го идзвојува велосипедското движење во посебни патеки (а такви се само булеварите), треба да биде “Зона 30“ заради безбедно споделување на истите површини меѓу возилата и велосипедите. Додека, пак, улиците кои немаат издвоени пешачки патеки треба да бидат и “Зона 20“ зашто пешаците треба безбедно да коегзистираат со автомобилите.Само улиците кои ги раздвојуваат трите типа движење смеат да имаат дозволени брзини од...

08 November, 2016

Став за ослободувањето на патеките на Партизанска

Во контекст на дискусијата за “укинатите” паркинг места на Партизанска во близина на Универзална сала, НаТочак објавува свој став на оваа тема. Единственото нешто што досега беше укинато на овој потег беа велосипедските и пешачките патеки. Тие физички постоеја, но не функционираа бидејќи беа претворени во паркинг за автомобили. Возилата најчесто паркираа попречно на пешачкиот дел, а велосипедската патека се користеше од пешаците, во простор сведен на тесно планинарско патче на кое двајца пешаци едвај се разминуваа, за сметка на автомобилите кои владееја со целиот простор. Овој јавен простор досега нелегално беше узурпиран од приватни возила и противзаконски се користеше како паркинг. Овој простор не е легален паркинг. Според Закон за безбедност во сообраќајот, Член...