Showing posts with label општини. Show all posts
Showing posts with label општини. Show all posts

31 January, 2022

Што планираат да преземат за безбедноста во сообраќајот 10-те скопски општини и Град Скопје?

За безбедноста во сообраќајот има многу фактори (едукација, инфраструктура, полиција, казнена политика судство итн.), но најважно е да не дојде до судар, најважна е превентивата и тоа онаа превентива која не зависи од тоа дали е совесен учесникот, дали има полицаец или дали работи камерата. Онаа превентива која работи во 100 % од времето - ИНФРАСТРУКТУРАТА. Токму затоа, од сите можни фактори, НаТочак ја има избрано за фокус на своето делување. Има многу мала поента да се прават кампањи и да се врши едукација за предност на пешаците, или за внимателно однесување на возачите во сообраќај, или за еднаква одговорност на сите учесници, кога општините и Град Скопје не го планирале внимателно просторот за ранливите учесници, кога тие ги оставаат на маргините. Затоа после редица сообраќајни судири...

28 December, 2017

Барање за средба со градоначалниците на скопските општини по повод буџетот и програмите за 2018-та година

На 19-ти декември НаТочак упати честитка до новите градоначалници на скопските општини за стапувањето на функција и барање за средба во врска нивните вело-планови за наредната година и на подолг рок. Во продолжение го споделуваме текстот од е-mail-oт.  Кон пораката беа прикачени 2 документи.  Првиот документ - меморандумот кој НаТочак го потпиша со моменталниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов (тогаш кандидат) во кое една од заложбите е :  2. Новата градска администрација ќе ја напушти автоцентричноста како принцип во сообраќајот и ќе работи на постепено приоретизирање на пешачењето, велосипедскиот сообраќај и јавниот превоз како и поставување на велосипедска инфраструктура во сите делови од градот во соработка со останатите градоначалници....