На 17.12.2018 (понеделник) во очи Седницата на Советот на Град Скопје каде беше предвидено да се дискутира Буџетот на Градот за 2019-та година, НаТочак испрати мислење во врска со буџетот.
Мислењето повеќе ги повторува работите веќе дискутирани во повеќе наврати во рамки на Координативното тело за велосипедски сообраќај и е повеќе квалитативен осврт, отколку што дава некаква квантитативна анализа на сумите предвидени во Буџетот.
Нацрт-буџетот не беше јавно објавен и ни беше даден на увид од страна на советник. Времето кое го имавме за разгледување беше многу кратко за да правиме подлабински анализи.
Сепак сакавме да ја искористиме оваа прилика за да потсетиме на заложбите кои ги изразуваме во рамки на Координативното тело, и да побараме да се интервенира доколку нешто...