Showing posts with label работилница. Show all posts
Showing posts with label работилница. Show all posts

12 February, 2015

Bike kitchen / Вело - кујна (13.02.2015)

Facebook настан: линк.Како надоврзување на Winter Bike to Work Day - акцијата, во недела ќе има зимска работилница во стилот на Bike Kitchen, баш Вело - кујна :) Во недела, 15.февруари, од 12:00 до 15:00, дојдете во АКСЦ, да си споделиме совети и DIY идеи за возење точак во зима, оние кои знаат - да демонстрираат основни поправки на точакот, оние кои не знаат - да научат. Ќе има и топла супа, да се згрееме ;) Сергеј (Лежипед) ќе ни објасни за штитниците за раце кои сам си ги има направено за точакот од пластични шишиња, некој од НаТочак ќе објасни за DIY гумата со штрафчиња за на мраз, ќе научиме да лепиме и менуваме гума и затегнуваме...

08 November, 2014

Работилница за градски велосипедизам со Ралф Ван Дер Зејден (видео + фотографии)

Работилницата со Ралф Ван Дер Зејден „Зошто точак?“ во организација на Холандска Амбасада, НаТочак и ЕУ Инфо Центарот се одржа на 30.10.2014 во просториите на ЕУ Инфо Центарот. Се состоеше од презентација и дел за дискусија. Со презентацијата Ралф, инаку моментално директор на компанијата I bike Belgrade и Beograd Velograd фестивалот, направи преглед на неговиот животен пат со велосипедите од Холандија до Белград, на состојбата со велосипедската инфраструктура и култура во Холандија и во земјите од Југоисточна Европа и презентацијата ја заврши со поенти и пораки зошто точакот треба да се сфати сериозно како придвижувач на позитивни...

28 October, 2014

Работилница за градски велосипедизам „Зошто точак?“ - Ралф Ван Дер Зејден

Холандска амбасада, НаТочак и ЕУ инфо центар ве покануваат на Работилница за градски велосипедизам на 30 октомври од 10:00 до 12:00 во ЕУ Инфо Центар. Локацијата на ЕУ Инфо Центарот е на улица Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, 1000 Скопје (локација на линкот) Држачи за велосипеди има поставено во задниот двор на објектот (не кон улицата). Програма на настанот: Воведно предавање на тема градски велосипедизам - Ралф Ван Дер Зејден, директор на "I Bike Belgrad" и поранешен советник во Општина Хаг.Темата на предавањето ќе биде "Why bike?" или „Зошто точак?“ и ќе ги обработи следните поттеми:-Возење велосипед во Холандија (краток преглед...

04 December, 2013

Работилница „Направи сам - зимски гуми за точак“

Неколкумина вело-ентузијасти оваа сабота ќе ги спремаат гумите од нивните точаци за зимски услови, т.е. за возење на мраз и тоа ќе го направат во облик на отворена работилница. Работилницата: „Направи сам - зимски гуми за точак“ ќе се одржи во Автономниот културно социјален центар во сабота, 7.12.2013 од 15:00 до 18:00 и работилницата е отворена за сите: -кои правеле нешто слично и имаат искуство кое сакаат да го споделат;-кои не правеле ништо слично, но сакаат да научат повеќе за својот точак и како да го подготват за зима;-кои сакаат на лице место да се испробаат во техниката;-кои сакаат едно саботно попладне да се подружат со други...

15 May, 2013

Извештај од работилницата: Запознај го точакот! Сподели- научи- поправи!

Точакот е едноставна машина, генијална зашто е едноставен склоп од мал број делови. Но сепак е машина, возило, превозно средство. Треба да се познава и одржува за да не' служи добро и долго и да немаме проблеми.Треба да биде здрав! :) Едноставноста, пак, овозможува некои ситни поправки да ги направиме сами, без некое големо знаење или труд.Сервисите за велосипеди некогаш се далеку или затворени и некогаш едноставно може да ви се случи дефект кога најмалку очекувате.  Зошто да си скратите од задоволството да се довозите со точакот до саканата дестинација само поради една обична дупната гума кога може сами за 10-ина минути...