
Овој четврток, со почеток од 19:00 часот во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи предавање за развојот на велосипедизмот и одржливата мобилност на градот Љубљана, Словенија. Предавањето за трансформацијата на Љубљана во точакољупски град ќе го води Андреј Клеменц, проектен менаџер за европски проекти за одржлива потрошна енергија и мобилност, кој ќе го пренесе искуството од Љубљана каде значително се подобрени условите во последните 6 години.
Андреј Клеменц возеше со нас по Скопје. Вели дека Скопје е град на Балканот со најголем потенцијал за добра вело-инфраструктура, подобар од Нови Сад или Белград. "Со мала инвестиција,...