The English text is below.
После писмото кое НаТочак го прати до Европската велосипедска федерација (достапно на линкот: http://natochak.blogspot.com/2014/09/possibility-of-compulsory-helmet-law.html) барајќи поддршка во случајот со потенцијално воведување на задолжителна кацига (шлем) за сите велосипедисти, добивме брз одговор дека ќе ја добиеме неопходната поддршка за борба против овој закон.
На барање на НаТочак, ЕВФ пиша писмо за поддршка на нашиот обид да го спречиме донесувањето на оваа законска измена, адресирано до секој министер лично од релевантните министерства: Министерство за транспорт и врски (г. Миле Јанакиески), Министерство за здравство (г. Никола Тодоров) и Министерсвто за внатрешни работи (г. Гордана Јанкулоска), како и до Републичкиот совет за...