Showing posts with label изложба. Show all posts
Showing posts with label изложба. Show all posts

04 September, 2013

Интервју со Димче Димески за неговата инсталација Критична Маса - Првиот бран

Критична маса е инспирација сама по себе. Секое возење до сега успеало да створи некоја приказна. Дали ќе остане момент кој некој си го фатил само за себе додека возел или ќе биде муабет со некого кој ќе доведе до нешто трето... Некои приказни си остануваат лични, но секогаш има по некоја за која дознаваме.  Во случајов, збирот на повеќе лични размислувања на еден уметник го интегрираа проектот „Критична маса ~ Првиот бран“, како концепт од циклусот „Критична маса“, инициран од лична рефлексија, поттикната од урбан настан, проследен со велосипедско движење, како дел од поголемо глобално движење во главниот град Скопје.  На...

30 May, 2013

Роденденска изложба

Вчера на прозорите од Младинскиот културен центар беше поставена мала изложба на постерите од сите досегашни 13 критични маси. Уште кога почнавме да ги правиме неформалните собирања на точакољупци, пролетта 2012 година, се појавија дизајнери кои доброволно дизајнираа постери.  Подоцна со првата Критична маса го добивме и логото. Па нова верзија. Па оваа денешната. Дизајнерите и понатака имаа желба да придонесат за Критична маса, а тоа, иако непланирано, сосема се вклопуваше во филозофијата на ова движење.  Па така решивме да продолжиме и натаму: со вклучување на што повеќе дизајнери во 'визуелниот идентитет' на месечните возења...