Showing posts with label КМ7. Show all posts
Showing posts with label КМ7. Show all posts

08 December, 2012

Извештај од КМ#7 - 28.11.2012

Кој би претпоставил -  повеќе учесници на Критична маса во ноември отколку во октомври?! 100-тина скопски велосипедисти им ја дадоа недолжната чест на старо-новите скопски булевари и улици: Илинденска, Климент Охридски, Мито Хаџивасилев Јасмин (по ново Кирил и Методиј), Митрополит Теодосиј Гологанов и Манапо. Кога би возеле по новите т.н. велосипедски патеки, тоа би изгледало некако вака . Ги покануваме оние кои тврдат дека тука постојат (добри) велосипедски патеки лично да ги испробаат или барем да го погледнат видеото. Многу често како одговор на било каква критика од нашите сограѓани слушаме „Е добро де, тоа не е ништо страшно“. „Е...

26 November, 2012

Критична Маса #7 - Улици и за точаци

Датум: 28.11.2012 Место: Паркингот карши Фонтана Парк Време: 17.30 Кога ќе се спомне булевар, помислуваме на широки автомобилски ленти, но не и на велосипедски патеки. А булеварот треба да е спој од повеќе видови сообраќај и зеленило!  Кога ќе се спомне проширување на улици, никој не помислувa на проширување на делот за велосипеди. А патеките за велосипеди се суштински дел од решението на сообраќајните проблеми! Кога се реконструираат/обновуваат улици, додека автомобилските ленти се квалитетно израмнети, велосипедските евентуално се поплочуваат. А велосипедот со тесните гуми е најчувствителното превозно средство на површината по која се движи! Се зборува за проточност на возилата, но не и на велосипедите. Бандери, билборди, канти за ѓубре и знаци на сред велосипедска патека,...

E добро де!

Фотогалерија - дијалог од истото искуство при возењето по новите скопски булевари. Фотографиите се направени во истото возење како и претходното видео. Илинденска, бул. Климент Охридски и бул. Митрополит Теодосиј Гологанов.  Дијалог со градот и останатите учесници во сообраќајот. Е добро де, не мислевме дека по тротоар и велосипедска патека може да се движат и инвалиди, колички со бебиња и велосипеди. Кога ќе речеме дека прошируваме и подобруваме улици подразбираме улици за коли. Е добро де, малку ја скративме шипката од знакот. Е добро де, ја преполовивме велосипедската патека, ама затоа ептен ве осигуравме. Е...