Showing posts with label барања. Show all posts
Showing posts with label барања. Show all posts

21 December, 2018

Барања во врска со прекопите на велосипедските (и пешачките) патеки

Периодов со новиот буџет на Град Скопје се најави ново поголемо од претходно (сè уште недоволно) вложување во велосипедска инфраструктура и тоа е некаква позитивна тенденција. Но да се креира град пријателски за велосипедисти, не значи само да се замислуваат и градат нови патеки. Тоа значи и грижа за нивно одржување, тоа значи и грижа за тоа како ќе се движат граѓаните на точак во екот на градежни работи. Животот тогаш не престанува! И не смее да престане ни движењето на точак. А граѓаните треба да можат да се ослонат на својот град, дека ќе се грижи за нивното движење, без оглед што се случува. Особено кога се движат без метален оклоп,...

13 November, 2018

Согледувањата и барањата од 5-тата Детска Критична маса „Орце на Орце“

Во саботата, на 10-ти ноември, се одржа 5-тата по ред Детска Критична маса со наслов “Орце на Орце“. Објавата на настанот ја има на линкот и во Facebook настанот, а целиот албум со фотографии, тука.Благодарноста до сите кои помогнаа ја изразивме тука.  Десетици деца и нивните родители имаа ретка можност безбедно да возат точак по улиците низ Дебар Маало и во околината. Кога се собиравме на почетната точка и кога ги прашавме децата дали се чувствуваат безбедно секојдневно на улица, ни рекоа дека не. А кога ги прашавме дали се чувствуваат безбедно денес и тука, ни рекоа: -Дааа!-Зошто?-Зашто нема коли и зашто има полиција. Претпоставуваме...

24 March, 2015

Пријава на инфраструктурен проблем - Поставување на автобуски постојки и семафори на велосипедски патеки

Кон средината на март група активисти на НаТочак забележаа дека се појавуваат пречки на новоизградената мешана пешачко-велосипедска патека на булеварот Теодосиј Гологанов.Покрај тоа што на овој потег се користат високи рабници место рампи и отсуствува секакво заштитно зеленило за пешаците и велосипедистите, на овој потег воопшто не е размислено сообраќајното решение, па нормална опрема како автобуски постојки место да биде во функција на сообраќајот и да не пречи никому, се појавува како пречка за друг вид на сообраќај. Апелираме кога се планира сообраќајот, да се предвиди посебен простор за чекање на автобус - автобуска постојка и простор...

17 February, 2015

Пријава на инфраструктурен проблем - Поставување на билборди на велосипедски патеки

Од јануари 2015 год, активисти на групата НаТочак забележаа масовно поставување на нови билборди на неколку локации низ градот Скопје, позиционирани на дел од велосипедските патеки.  Со дописот во прилог реагираме на оваа појава која го води градот чекор назад во неговите заложби да прерасне во велосипедски град. Секоја пречка на велосипедските патеки го стеснува и онака малиот и нестандарден простор за непречено движење со велосипед.    Проблемот се појавува и кога пречката (во случајов билборд) е поставена на пешачка патека, бидејќи проблемот се прелева, пешаците избегнувајќи ја истата, се движат по велосипедската патека...