Showing posts with label инфраструктурни проблеми. Show all posts
Showing posts with label инфраструктурни проблеми. Show all posts

01 August, 2020

Пријава на инфраструктурен проблем – уништена велосипедска патека поради работа со тешка машинерија

На 22.јули испративме пријава до Град Скопје и до ЈП Улици и патишта за уништување на велосипедската патека на Партизанска поради невнимателна работа со тешка машинерија.Пријавата како .pdf документ е достапна на линкот, а како текст во продолжение. Подетален и посликовит опис на проблемот има во албумот на Facebook, достапен на овој линк. Албумот е објавен на 31. јули, откако 9 дена после пријавата, уништувањето на патеката продолжи.-------------------------До:                          Град Скопје Сектор за уредување...

23 March, 2020

Допис за прекин на патеката на кејот на Вардар за мост на бул.АСНОМ

Денес, 23.03.2020 НаТочак испрати допис до Град Скопје во врска со прекинот на велосипедската патека на кејот на Вардар во општина Аеродром поради извршување на градежни работи за мостот на бул. АСНОМ, а без изведено заобиколување. Дописот е достапен во .pdf облик на следниот линк, а како текст во продолжение: --------------------------- Скопје, 23.03.2020До: Град Скопје Сектор за уредување и просторно планирање Предмет: Пријава на инфраструктурен проблем – прекин на кејот за мост на бул. АСНОМ Почитувани, По реакциите на многу граѓани до нас, би сакале да ве известиме за непочитување на точка 2.1.4 Воведување на обврска...

09 November, 2019

Барање за дислокација на контејнерите од велосипедските патеки

Откако поднесовме Пријава на инфраструктурниот проблем: локации на новите контејнери на 30. октомври 2019 по e-mail, со 5 прашања и не добивме одговор, после една недела, на 6.ноември 2019 година поднесовме Барање за дислокација на контејнерите по писмен пат до Архивата на Град Скопје.  Како додаток на Барањето ја има и претходната Пријава.  Барањето со архивски број е достапно на следниот линк како документ, а во продолжение и како текст.----------------------------- Скопје, 06.11.2019 До:                         Град Скопје Сектор за уредување и просторно планирање Предмет: Барање за дислокација на контејнерите од велосипедските патеки Почитувани, Помина повеќе од една недела од поставувањето на новите контејнери...

30 October, 2019

Пријава на инфраструктурен проблем – Локации на новите контејнери

НаТочак испрати допис до Град Скопје како реакција на новопоставените контејнери на главните велосипедски рути. Документот е достапен на линкот, а содржината исто така и во продолжение. ___________________ Скопје, 30.10.2019 До:                         Град Скопје Сектор за планирање и уредување на просторот Предмет: Пријава на инфраструктурен проблем – Локации на новите контејнери Почитувани, Со проектот Скопје Велоград во изминативе неколку години конечно видовме позитивни промени во урбаната мобилност...

13 September, 2017

Пријава на инфраструктурен проблем : мешани пешачко-велосипедски патеки долж Бул. Кочо Рацин

На 13.09.2017 до Координативното тело за урбан велосипедизам НаТочак упати допис во врска со почетокот на градежните работи на бул. Кочо Рацин.За истиот булевар беше разговарано и усно, но НаТочак сакаше да остане запис во облик на пријава од официјалниот став.Па еве го во продолжение како текст или како документ на линкот. -------------------- До: Град СкопјеКоординативно тело за урбан велосипедизамПредмет: Пријава на инфраструктурен проблем мешани пешачко-велосипедски патеки долж Бул. Кочо Рацин ПРИЈАВА Почитувани,Би сакале да изразиме загриженост и незадоволство во врска со градежните работи кои деновиве се извршуваат на бул. Кочо Рацин,...

07 July, 2016

Пријава на инфраструктурен проблем - понизок и пропаднат асфалт на велосипедска патека - бул. Илинден

НаТочак испрати пријава до Координативното тело за урбан велосипедизам при Град Скопје во врска со воочен проблем на Рута 1 од проектот “Скопје Велоград 2017“ - понизок и пропаднат асфалт. Се надеваме проблемот навремено ќе се санира со цел да се заштити патеката од натамошно оштетување. Исто така се надеваме дека овој апел ќе влијае да се пристапи со поголемо внимание при изведбата на останатите рути од проектот. Документот кој е испратен до Координативното тело е достапен на линкот, а текстот од пријавата заедно со фотографиите ги има и во продолжение. -----------------------------------   До: Град Скопје Координативно...