
НаТочак - Скопје заедно со Битола НаТочак, Прилеп НаТочак, Гостивар НаТочак и Штип НаТочак презедоа низа на активности поврзани со подготвување и поднесување на официјални предлози за промена на Закони и подзаконски акти со кои сметаме дека значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се подобри квалитетот на живот во градовите и општо, населените места.
Нашиот прв чекор е промена на делови од Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
Нашите досегашни предлози ги испративме до Комората на инженери и архитекти нa 30-ти март после нивниот повик до членовите...